ЈАПОНИЈА: Возот тргнал 20 секунди порано, компанијата им се извини на сите

Сподели со своите пријатели

Јапонска компанија која обезбедува услуги за железнички транспорт издаде јавно извинување откако еден од нивните возови заминал 20 секунди порано од наведеното време.

Loading...

Во Јапонија, земја со најсигурна железница во светот, ретко се случува да има задоцнување или порано тргнување на возот, па затоа овој настан предизвика големо внимание.

Над 80.000 стогодишници живеат во Јапонија

Управата на линијата Цукуба експрес, чии возови сообраќаат меѓу Токио и Цукуба, испрати „искрено извинување за предизвиканата непријатност“.

 

 

Од компанијата велат дека персоналот не го проверил доволно добро распоредот на поаѓање на возот, па се случила кардинална грешка.

Loading...

Во Јапонија поставени проѕирни јавни тоалети, причината бизарна (ВИДЕО)

Во соопштението се наведува дека возот требало да замине во 9:44:40 часот по локално време, а тој заминал во 9:44:20 часот.

Иако никој од патниците не се пожалил, раководството на компанијата се смета за одговорно и обврзано да им се извини на патниците за пораното поаѓање на возот од станицата.

Оваа линија превезува патници од Токио до Цукуба за 45 минути.

Брачните парови во Јапонија не спијат заедно, а еве зошто!

Корисниците на социјалните мрежи беа изненадени од извинувањето на компанијата.


Leave a Reply