Во Јапонија поставени проѕирни јавни тоалети, причината бизарна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тоалетите се поставени во два парка на Шибуја, деловниот дел на јапонската престолнина, и се дело на архитектот и дизајнер Шигеру Бан.

Loading...

Тие се дизајнирани да решат два проблеми со користење јавни тоалети – така што луѓето можат да проверат дали е чист без да влезат и да знаат дали има некој внатре.

Сега жителите на Токио треба само да погледнат низ стаклото.

Секако, не би било многу пријатно да одите во тоалет и целата улица да ве гледа, а Јапонците не би биле Јапонци доколку не изнајдат решение.

Штом некој влезе во тоалетот и ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и повеќе не се гледа низ него.

 

Leave a Reply