Над 80.000 стогодишници живеат во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Популацијата на луѓе на возраст од сто и повеќе години во Јапонија за прв пат ја надмина бројката од 80.000.

Loading...

Повикувајќи се на извештај до Министерството за здравство, труд и социјална политика на Јапонија, новинската агенција Кјодо објави дека во моментот во таа земја живеат 80.450 лица над сто години, што е за 9.176 повеќе отколку во истиот период минатата година.

Истиот извор известува дека бројот на стогодишници во Јапонија расте за половина век и дека дури 88,2 проценти од тоа население се жени.

 

 

Осми пат по ред, префектурата Шимане во западна Јапонија има најголем број стогодишници на 100.000 луѓе (127,6), по што следат Кочи (119,77) и Тотори (109,89).

Претходно, јапонските власти објавија дека просечниот животен век на луѓето во Јапонија минатата година бил 87,45 години за жени и 81,41 години за мажи, што се рекорди во двата случаи.

Loading...

Најстарата личност во Јапонија е Кејн Танака (117) од Фукуока. Таа е заведена и во Гинисовата книга на рекорди како најстара жива личност во светот.

Leave a Reply