Јапонците измислиле вентилатор за пазуви

Сподели со своите пријатели

Во текот на летниот период поголемиот дел од луѓето се жалат на топлото време, посебно оние кои не можат премногу да се разголат во текот на денот.

Вработените во јапонската компанија „Танко“ имаат ваков проблем, па смислиле решение за истиот – вентилатор за пазуви.

Се работи за уред кој се става на рабовите на ракавот и овозможува циркулирање на воздухот околу пазувите. Оние кои носат облека со долги ракав можат да го закачат вентилаторот на крагната од кошулата или дури на внатрешниот дел од панталоните за да си го расладад меѓуножјето.

Уредот користи две ААА батерии, кои обезбедуваат 5 до 9 часа разладување, во зависност од три брзини со кои можад да функционираат. Исто така овозможува напојување и со енергија по пат на USB конектор.

Единствено што не е познато е количината на бучава која ја создава, а цената е 3.800 јени.

 

Loading...