Jа плаќа својата поранешна сопруга за да ги заврши домашните работи

Сподели со своите пријатели

Разводот на брачната двојка Чен од Пекинг привлекла внимание на јавноста откако судот го прифатил барањето на дамата нејзиниот сопруг да плаќа за се што правела додека живееле заедно!

Loading...

Според судските записи, Чен поднел барање за развод од сопругата кон крајот на минатата година по пет години брак.

Таа првично ја одби петицијата за развод, но подоцна се согласи и побара компензација.

Таа изјавила дека Чен не направил ништо во куќата, како и дека не се грижел за својот син, и дека сите домашни работи и воспитувањето на детето „паднале“ врз нејзиниот грб.

 

 

Како што заврши случајот, Окружниот суд во Пекинг одлучил дека Чен треба да плати повеќе од 250 евра за еднократна издршка на детето во наредниот период и дополнителна пресуда за плаќање на повеќе од 6.000 евра (50.000 јуани) на неговата поранешна сопруга.

Loading...

Пресудата е донесена според новиот граѓански закон, кој стапи на сила оваа година, и според кој брачниот другар има право да бара надомест за време на разводот доколку има поголема одговорност во воспитувањето деца, грижата за постарите членови на семејството, како и вршење домашни работи.

Иако многумина ја поздравуваат оваа одлука, многу луѓе ја критикуваат и малата сума на надоместокот.