Ја натерале да живее како момче затоа што сакале син, нејзината приказна го расплака светот

Сподели со своите пријатели

На прв поглед, 13-годишниот Мангал Карими би можел да биде било момче кое живее во малото село во западен Авганистан, започнува репортажата на CNN. Тој навечер влече дрва за огрев и го храни добитокот на фармата на својот татко.

Loading...

Тухо брза меѓу домашните обврски, носи канти со вода преку голите полиња. До својата втора година Мангал бил Мадина, една од седумте ќерки за која родителите избрале да живее како момче во рамките со авганистанската традиција „bacha posh“, израз на  јазикот дари кој би се превел „облечен како машко“.

Откако памети Мангал, тој својата долга коса ја завлекува под волнена капа, носи јакна и панталони и му помага на својот татко да ги одржува пчеларската и млечната фарма во селото Санјор во покраината Херат.

Како изгледа еден училишен ден за девојчињата во Авганистан? (ВИДЕО)

Во длабоко патријархарно општество во Авганистан синовите се високо ценети во однос на ќерите – до таа мера што семејството се смета за „нецелосно“ без момче, вели Надина Хашими, американски педијатар и автор на најпродаваниот бача пош роман од 2014 година „Бисерот кој ја скршил својата школка“.

Девојчињата се одгледуваат верувајќи дека се товар на семејството, рекол Собада Ехрари, главен уредник на Авганистанската новинска агенција, која разговарала со неколку родители на деца бача пош. Жените „не можат да заработат пари за да им помогнат на своите семејства, не можат да живеат сами, тоа се причините кои довеле до тоа патријархалното општество да го практикува бача пош, рекла таа.

Стогодишната традиција многу говори за дискриминацијата со која се соочува авганистанските девојчиња буквално од моментот на раѓање.

Впрочем, „никој кој има само синови не ги претвора во ќерки“, вели Хашими. Транзицијата е привремена и се очекува дека децата бача пош ќе ги отфрлат машките идентитети откако ќе стапат во пубертет и ќе се вратат на животот како девојче, нешто што не минува секогаш лесно.

Loading...

Што значи „стан“ во имињата на државите како Казахстан, Киргистан, Авганистан…?

Одржувањето на овој обичај помага во верувањето дека детето бача пош „ќе ја сврти раката на судбината, така што следното дете родено во семејството ќе биде момче“, вели Хашими.

Таткото на Мангал, Кода Бакш Карими, за CNN рекол дека, ако семејството добие син, детето се враќа на животот како девојче.

До тогаш или до моментот кога Мангал ќе влезе во пубертет, Кода и неговата сопруга Амена Карими „среќни“ се со Мангал и должностите кои тој ги извршува, како што „добредојде на гостите во нашиот дом и понуда со чај или храна“.

Image by WikiImages from Pixabay

По две девојчиња, родителите на Мангал чезнееле за син.

– Направивме од неа син за да помогне на татко и, рекла мајката Амена.

Loading...

Во нивниот јазик нема родови заменки „тој“ и „таа“, а Мангал за CNN рекол дека му е драго што му се обраќаат како да е машко.

Енговите родители во меѓувреме веруваат дека родот на Мангал при раѓањето (женски“ останува непроменет.

Мангал е драгоцен даодатен пар раце за деветчленото семејство кое месчно заработува околу 80 долари, што е малку дури и за авганистанските стандарди.

– Ги обожавам своите ќерки, но ја сакам Мадина повеќе затоа што ја замолам да се грижи за добитокот или да однесе нешто на соседот, вели Кода.

Инаку не постои разлика меѓу нив.

Зад најубавите очи во светот се крие трогателна приказна (фото)

Љубовта на Авганистан кон синовите има парктични корени. Во оваа земјоделска економија момчињата кои сечат дрва и ораат земја, самостојно патуваат и работат далеку од дома. Кога ќе се венчаат, нивните жени и следната генерација деца влегуваат во семејството.

Од ќерките се очекува да бидат „скромни“ и да „помагаат во домашните обврски“. Надвор од домот, девојката која би се „ценкала на пазарот“ или „гледала возрасни во очите“ би била шок за некои луѓе.

Loading...

Кога не помага на фармата, вели мангал, тој сака да игра фудбал со другите момчиња во селото, каде тој е единствено бача пош дете.

Неговиот татко, кода, вели дека соседите го прифатиле како Мангал, но дека детето „треба да носи женска облека кога ќе порасне“.

Дури и кога луѓето сфаќаат дека е детето, вусшност е девојка облечена како момче, на некој начин тоа го прифаќаат, објаснува Хашими.

Мангал живее во нејасен простор измеѓу ќерка и син. Кога не работи на фармата, оди на училише за девојчиња заедно со четирите сестри. Но, сепак се облачува како момче и користи машко име.

– Не, не го сметам за син. Знаеме дека е девојка, во иднина мора да носи женска облека и за некого да се омажи, вели Кода.

Секое семејство има свој сопствен боча пош.

Loading...

Новинарката Ехрари рекла дека некои родители и рекле дека се обидуваат да сокријат дека имаат ќерка. Синот е извор на гордост, а да се има ќерка е „срамота“, рекле.

Други родители велат дека очајно сакаат нивните ќерки „нешто да постигнат“. Но, во општеството во кое „се е само за мажи“, бача пош е единствениот начин и нивните ќерки да живеат слободно.

Враќањето во живот на девојчето, особено по краток увид во машката слобода може да биде болен процес. Шазиа, која не сакала да го открие своето презиме, имала девет години и живеела во Кабул во 1990 година кога нејзините родители одлучиле да ја претворат во бача пош на пет години.

Со оглед дека беснеела граѓанската војна, нејзините родители ги испратиле двата постари браќа во Русија. Но, кога нивниот татко, бизнисмен од средна класа кој се занимавал со увоз и извоз, ја узгибил ногата во несреќата, нејзината мајка и преостанатит ешест деца останале без хранители.

– Тогаш моето семејство одлучи да се облечам како момче, вели Шазиа, која како трета ќерка, сметана за доволно возрасна да помогне на мајката надвор од дома, но се уште доволно млада да премине во момче.

Loading...

– Морав да играм улога на син, вели Шазиа, која го добила името Мирвас.

Практично преку ноќ дневните работи на Шазија драматично се промениле – од чистење и хранење пилиња, до одење со мајката на локалниот пазар. Понекогаш Шазиа дури сама одела по намирници, нешто што го опишала како „голем зафат, особено за млада девојка“.

– Имаше многу предности и недостатоци да се биде бача пош, вели Шазиа, денес 37-годишна мајка на три ќерки, која работи за женска невладија организација во САД.

Како Мирвас можела да лета змеј, да игра фудбал со децата од соседството, да вози велосипед, сето тоа не биле вообичаени активности за девојки во Авганистан.

Од друга страна ја малтретирале сестрата и роднината поради носење машка облека и извршувањето на тешките задачи.

Loading...

– Во текот на зимата морав да стојам во ред за леб за да го нахранам семејството. Бев љубоморна на своите сестри дома, на топло, вели таа.

Соседите не знаеле дека е женско.

– Се чувствував особено несигурно во врска со цртите на моето лице, облеката, стасот во однос на момчињата на мои години. Тој наметнат начин на живот не беше мој избор. Бев заглавена меѓу момче и девојче, наведува таа.

Шазијан во 13та година „повторно станала“ девојче кога една од нејзините постари сестри рекла дека било доста од тоа.

Нејзините родители се сложиле и целосно повторно се појавила меѓу луѓето како девојче, испрвин се плашела да оди надвор затоа што ќе ја видат соседите. Неколку месеци подоцна семејството се преселило во Пакистан, а Шазија целосно го прифатила својот женски идентитет.

Меѓутоа, годините живот како момче, или со машки идентитет, ја оставиле збунета.

Loading...

Во екстремни случаи, тие дури можат да одбијат враќање во живот на жена. Тешко е да се каже дали обичајот ќе продолжи. Меѓутоа, Хашими верува дека бача шош ќе изумре откако авганистанското општество ќе ја унапреди положбата на жените во општеството.

Leave a Reply