Зад најубавите очи во светот се крие трогателна приказна (фото)

Сподели со своите пријатели

Девојчето со зелени очи од Авганистан во 1985 година го фотографирал Стив Мекари за насловната страна на магазинот „Национална географија“.

Фотографијата и ден-денес буди интерес ширум светот, а приказната за Авганистакната, по име Шарбат Гула која тогаш имала 13 години е вредна восхитување и почит.

Стив работел на приказна за советската окупација на Авганистан и бегалската криза. Во шатори на блискиот бегалски камп Насир Баг било и организирано училиште во кое тој еден ден пристигнал. Немал често можност да фотографира жени, но во шаторот имало девојчиња помлади од 13 години кои не морале да носат бурка и лицата им биле откриени.

Мекари бргу реагирал и на Кодахром силд филмот ја направил легендарната фотографија. Името на младата Авганистанка е откриено дури пред 17 години откако сликата била објавена.

Шарбат со своето семејство живеела во источен Нангарх каде Советите извршиле инвазија на Авганистан во 1979 година. Нејзината мајка починала од воспаление на цревото во селото кога Шарбат имала осум години. Како стотици илјади други Авганистанци, нејзиното семејство (татко и четири сестри и брат) емигрирале во Пакистан и таму започнеле да живеат во бегалскиот камп Кача Гарахи.

Ја омажиле на 13 години, но на нејзиниот сопруг бргу ми бил дијагностициран хепатитис Ц и починал пет години по бракот. Најстарата сестра на Шарбат починала од истата болест пред три и пол години. Имала 22 години и зад себе оставила двомесено дете.

 

Loading...

 

Фотографијата на Шарбат привлече големо внимание во целиот свет, а и денес е најпознатата некогаш објавена во „Национална географија“.

Во 2001 година кога талибаните се симнати од власт во Авганистан, магазинот организирал детална потрага по девојчето. По долго време била пронајдена во зафрлен дел од планината Тора Бора, а нејзиниот идентитет бил потврден со биометриско мерење, технологија за споредување примерок на зеници од жива личност и личност од фотографија. Тогаш имала околу 30 години и живеела во беда.

Така во 2002 година повторно се нашла на насловна страна, позирајќи со својата позната фотографија.

Во Пакистан живеела 35 години, но е осудена и депортирана пораид поседување лажна пакистанска лична карта. Нејзиниот случај ја покренал приказната за приведувања и присилна депортација на авганистанските бегалци.

Шарбат денес е болна 40-годишна жена, но и натмау се надева дека ќе го пронајде својот мир. Својата куќа во Пакистан ја продала плашејќи се од апсења затоа што немала документи за да остане. Два дена пред да сакала да се врати со децата назад во Авганистан, извршена е рација и таа е приведена и затворена.

 

 

Пакистанската влада наложила околу два милиони авганистански бегалци да ја напуштат нивната територија. Шарбат служела 15-дневна затворска казна, но првата недела ја минала во затвор, а втората во болница каде ја лечеле од хепатитис Ц.

– Тоа беше најтешкиот и најлош инцидент во мојот живот, рекла таа.

Пакистанците сфатиле дека целиот случај ќе им ја наруши репутацијата па и понудиле сепак да остане, но таа одбила. Изјавила дека во Пакистан евентуално ќе доаѓа само за да оди на гробот на мажот и ќерката за да се помоли.

Ниту едно од нејзините шест деца немаат очи како нејзините.

 

Loading...

 

Авганистанската влада ветила дека ќе и купи куќа во Кабул, но по ветувањата ја сместиле во изнајмен стан, чија кирија не била платена со месеци. Претседателот Ашраф Гани се уште не го исполнил ветувањето, иако неговите портпароли за медиумите повторувале постоано дека Шарбат ќе биде згрижена.