Како изгледа еден училишен ден за девојчињата во Авганистан? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека многу деца во развиените земји често велат дека не сакаат да одат на училиште, девојчињата во Авганистан немаат дури ниту училишен објект во кој би посетувале настава. Тие секојдневно престојуваат надвор и своите часови ги држат на сонце среде пустина.

Валканоста и прашината не им пречат, но нивната желба за знаење е толко голема што се трудат да ги занемарат тешките околности под кои мора да учат.

Што значи „стан“ во имињата на државите како Казахстан, Киргистан, Авганистан…?

Loading...

Од друга страна момчињата имаат подобри услови за образование. Имаат објект и своите часови ги посетуваат во вистински училници.

Покрај тоа што имаат полоши услови за образование, овие девојчиња мораат самите да ги чистат просториите во кои секојдневно престојуваат.

 

 

Но, н е е родовата дискриминација единствената причина што други 2/3 од девојчињата во Авганистан не одат на училиште.

Бидејќи до училиштето мораат многу да пешачат и патуваат, тоа ги прави ранливи и често изложени на бројни случаи на насилство.

Земјата која го снабдува со хероин целиот свет, сега произведува најскап зачин во светот (фото+видео)

Поради тоа бројни семејства своите девојчиња ги чуваат во домовите. Она што исто така претставува проблем за одење на девојчињата на училиште е што со момчињата делат толаети, па тука често се изложени на непријатни ситуации.

Во оваа земја разорена од војни, девојчињата често се изложени на големо сиромаштво, но и ситуациите во кои семејствата рано ги мажат.

Зад најубавите очи во светот се крие трогателна приказна (фото)

Една жена вели дека жали што никогаш не одела на училиште, затоа што сега би можела да биде инжинер или лекар. Се уште има голема желба да се образува.

https://www.facebook.com/inthenow/videos/972627866220916/

Leave a Reply