Извлечен џекпот од 321 милиони долари, но никој не знае кој е добитникот

Сподели со своите пријатели

На американската лотарија „Мега милион“, чија главна добивка е 321 милиони долари е најголем божиќен џекпот во историјата на таа лотарија, извлечена е комбинација на бореви, но се уште не е објавено дали има победнички тикет.

Loading...

Извлечени се броевите 2,8, 42, 43, 50 и мега бројот 6, а како што објаснува Ројтерс, наградата достигнала 321 милион долари откако девет недели по ред не е извлечен победник.

Во комбинација со уште 294 милиони долари, колку изнесува „Пауербол џекпотот“ кој се извлекува денеска, неделата на празниците би можеле да ја одбележат во вредност од над 600 милиони долари.

Доколку евентуалната добивка од 321 милион долари се одлучи за еднократна исплата на наградата, може да добие 193,7 милиони долари, наведува „Мега милионс“.

Можноста за добивање џекпот е еден спрема 302,6 милиони.

Leave a Reply