Израелски функционер ги обвини САД дека имаат намера да го соборат Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Неименуван израелски функционер ја обвини американската влада за заговор за соборување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одговарајќи на извештајот на американските разузнавачки служби во кој се предупредува дека владата на Израел може да биде во опасност поради критиките за нејзината војна против Хамас во Појасот Газа.

Loading...

„Оние кои го избраа премиерот на Израел се граѓаните на Израел и никој друг“, се вели во соопштението објавено синоќа.

„Израел не е протекторат на САД, туку независна и демократска земја чии граѓани ја избираат владата. Очекуваме нашите пријатели да дејствуваат за да го соборат терористичкиот режим на Хамас, а не избраната влада во Израел“, се додава во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење

Во оценката на Израел се наведува дека „недовербата во способноста на Нетанјаху да владее е продлабочена и проширена кај јавноста, која веќе беше на високо ниво пред војната“ и дека се очекуваат „големи протести со барање негова оставка и нови избори“, а оценува дека можност за поинаква, поумерена влада.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека одговорил „највисокиот израелски политички извор што може да се замисли“, сугерирајќи дека тоа е самиот Нетанјаху, додавајќи дека премиерот бил многу лут поради американскиот извештај.

Нетанјаху одлучи да се впушти во „силна, јавна и драматична конфронтација со американскиот претседател“, објави Канал 12.

Извештајот на разузнавањето, исто така, забележува дека Хамас се чини дека ќе му претставува предизвик на Израел во наредните години и покрај напорите да се уништи екстремистичката организација по смртоносните напади на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Седум Палестинци убиени, а 32 ранети во израелски бомбардирања

„Израел најверојатно ќе се соочи со продолжен вооружен отпор од Хамас во наредните години, а војската ќе се бори да ја неутрализира подземната инфраструктура на Хамас што им овозможува на бунтовниците да се скријат, да ја повратат силата и да ги изненадат израелските сили“, се вели во извештајот, додавајќи дека израелската јавност во голема мера го поддржува уништувањето на таа организација, која Израел ја смета за терористичка.

Loading...

Во вторникот, во видео интервју со делегатите на американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (AIPC) собрани во Вашингтон, Нетанјаху рече дека длабоко ја цени поддршката на американскиот претседател Џозеф Бајден и изрази надеж дека таа ќе продолжи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

„Но, дозволете ми да бидам јасен. Израел ќе победи во оваа војна без разлика на се“, рече израелскиот лидер, додавајќи дека Израел мора да ги уништи преостанатите баталјони на Хамас во Рафах.

Осврнувајќи се на сојузниците на Израел кои изразија загриженост поради големиот број цивилни жртви во најавената голема израелска воена офанзива во густо населениот град на југот на Газа, Нетанјаху рече дека не може прво да се поддржува Израел да постои и да се брани, а потоа да се противи кога го остварува тоа право.