Изложбата „Марини“ на Ацо Таневски во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 02.04.2021 / петок / со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Марини“ од авторот Ацо Таневски. И

Loading...

зложбата содржи 28  дела, пејзажи масло на платно, изработени во периодот од  2002-та до 2012-та.

За самата изложба авторот Таневски ќе каже: “ На моите дела се прикажани марини, од морето, езерото. Тоа  беше моја преокупација 15-тина години. Делата се продукт на мојата филозофија дека човекот е напасник на планетата и природата. Ја уништуваме природата, околината  а со тоа и морските површини. Затоа на моите дела отсуствува човекот, таму е дадена самата природа, која е недопрена …“

Изложбата е проект од национален интерес  во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура.

Промоторот на изложбата, Елица Николова, историчар на уметноста при Народен музеј Велес ќе запише: “ Живеејќи во време на глобално загадување на животната средина и драстично намалување на чистите еко-системи за преживување  на животинските и растителни видови, егзотично изгледа сликан пејзаж и необично звучи класичен ликовен пристап и приказ на недопрена природа. Водата како извор на праживот во различна форма, морски брегови, езера и реки, слатка и солена вода) е главен мотив на сите дела.  На сликите е забележливо отсуството  на човекот, и предмети направени од човечка рака …“

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 1984 год. како и Факултет за ликовни уметности (педагошки, отсек сликарство) 1991 во Скопје. Член на ДЛУМ од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози. Има 10-годишно искуство од областа на образованието. Во моментов вработен како ликовен едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност. Учесник на преку 100-ина групни изложби во земјата и во странство, како и на 40 – тина ликовни колонии.

Тел.: 071 89 12 49 ,     E-mail: [email protected]

Loading...

Селектирани самостојни изложби:

2020 – МАРИНИ, Народен музеј Велес

– ДЕСТИЛАЦИЈА, галерија КО-РА, Кочо Рацин, Скопје

– НУМЕРИЗАЦИЈА, галерија КО-РА, Кочо Рацин, Скопје

2017 – ДОДЕКОМАНИЈА, ЦК Марко Цепенков,Прилеп

– КОЛЕКЦИЈА 88, Мала Станица НГМ, Скопје

– ДОКАТОМАНИЈА, музеј Владимир Димитров, Ќустендил

-WAS IST DADA? , галерија КО-РА, Кочо Рацин, Скопје

Loading...

2016 – R4, Центар за култура Ацо Ѓорчев, Неготино

– МАРИНИ , Центар за култура Бели мугри, Кочани

– МАРИНИ, Центар за култура Мирка Гинова, Д. Капија

2015 – R4 , галерија КО-РА дом на култура Кочо Рацин, Скопје

– DODECOMANIA, МС Gallery, Њујорк, САД

2013 – 4 од 16, Радулбегов конак Заечар, Србија

2012 – ПРИКАЗНИ ОД ДЕТСТВОТО, КИЦ на РМ, Софија, Бугариja

2011 – ПРИКАЗНИ ОД ДЕТСКАТА СОБА, Мала Станица НГМ, Скопје,

Loading...

1992 – ОТПЕЧАТОЦИ, Базел, Швајцарија

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 14.04.2021 г.

Интегрално соопштение: НУЦК „Трајко Прокопиев“

Leave a Reply