Изложба на невестински фустани од минатото на Куманово

Сподели со своите пријатели

Манифестацијата од ревијален тип „Рапсодија во бело“, етнолошка  изложба на невестински фустани носени на венчавките во Куманово низ децении, ќе може да се проследи утревечер во лапидариумот на кумановскиот музеј.

Loading...

– Опфатен е периодот од 40- тите години на минатиот век па се до денес, со сите карактеристични трендови на градската мода која што се менувала под влијание на големите европски модни центри, Лондон, Париз, Истанбул, информираат од кумановскиот музеј.

Изложбата што ќе започне во 20 часот е во организација на кустос советник Анита Ѓорѓиоска од НУ Музеј Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply