Изготвен протокол за одржување на изборите

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести изготви протокол за изборна кампања и денот на избори и целиот процес на гласање, иако договор за датум за избори засега нема.

Loading...

Протоколот, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, бил едногласно поддржан од сите членови на Комисијата за заразни болести и истиот, како што посочи тој, мора да се спроведува целосно и без исклучоци за да се заштити здравјето на граѓаните.

– Протоколот излегува од генералните препораки кои во овој момент се на сила и ќе останат во слендиот период. Предвидува мерки и ограничувања кои го регулираат начинот на спроведување на кампањата, движење и организации на собирите и здравствен протокол за денот на гласањето, изјави Филипче.

Протоколот, како што рече Филипче, е составен од четири дела.

– Во однос на предизборната кампања согласно генералните препораки, а врз основа на генералните правила на движење, социјализација, комуниакција, сите аквитности треба да се одвиваат исклучително почитувајќи ги физичката дистанца од 1-2 метри која останува да важи во целиот следен период, понатмау задолжително носење заштитна маска или прекривка на уста и нос при реализација за време и пред кампањата, согласно уредбите. Секогаш на затворено и задолжително често миење на рацете и дезинфекција во насока на превенција, изјави Филипче.

Во однос на спроведување на кампањата, министерот рече дека при одржување на собири и други настани мора да се почитуваат сите мерки.

Собирите кои ќе се одржуваат на отворен и затворен простор секогаш да ги почитуваат мерките и согласно тоа и бројот на учесници, да се користи озвучување за да се избегне собир на луѓе на помал простор.

– Кампањата врата на врата мора да се реализира согласно овие протоколи, да се носи заштитна опрема, да се одржува дистанца, да не се влегува и да не се прават посети во домаќинствата, исклучиво на врата или во дворовите, рече Филипче.

Loading...

Партиските активности во штаботивте кога е можно да се одржуваат на отворено, а кога е во затворено да важат сите правила. Задржувањето во партиските простории да не биде подолго од два часа и просториите потоа да се проветруваат и дневно да се врши дезинфекција.

– Пунктовите за рекламен материјал да не служат за собирање граѓани, не повеќе од двајца активисти и сите да носат заштитна опрема согласно протоколите. Партискиот превоз се спроведува со средства за јавен превоз со капацитет од максимум 50 отсто и сите внатре носат заштитна опрема, а превозниците да обезбедат средства за дезинфекција на возилата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на денот на изборите, членовите на гласачките одбори и сите наабљдуувачи ќе мора да носат заштитни маски и ракавици. Во просторијата да седат со отворени прозорци, да има средства за дезинцекција на рацете, гласачите да чекаат во ред на дистанца од два метри, при самото влегување најпрво ги дезинфицираат рацете, при давање на личната карта ја симнуваат кратко маската за идентификација, а по гласањето повторно мора да направат дезинфикација на рацете.

Во просторијата да нема повеќе гласачи од боксовите за гласање, а ако постои можност да се зголеми времето за гласање за два часа за да се избегнат гужви.

Никола Ивановски

Leave a Reply