Изгоре кров на куќа во кумановската населба Јане Сандански

Сподели со своите пријатели

Кровна конструкција на семеен дом лоциран на улицата „12“ во кумановската населба Јане Сандански вчера изгорела во пожар.

Loading...

Како што информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот бил гаснат од петмина пожарникари на ТППЕ Куманово во период од 16:30 до 18:00 часот.

Причинета е материјална штета чија висина не е позната, како и причините поради кој избувнал огнот.

Во друг инцидент во кумановското Агино село се запалил оџа. Тројца пожарникари гаснеле во период од 18:25 до 19:30 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница