Избори во Грција 2023: Мицотакис vs Ципрас

Сподели со своите пријатели

                  Мицотакис vs Ципрас

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...

Нашиот јужен сосед Грција внедела 21 мај 2023 излага на парламентарни избори. Главната битка меѓу Мицотакис и Ципрас

Повеќе од 9,8 милиони Грци имаат право да гласаат на општите избори за 300 членови на еднодомниот парламент кои служат четиригодишни мандати.

Есклузивно, старосната граница за гласање ќе биде намалена на 17 години, а исто така за првпат на грчките државјани кои живеат во странство ќе им биде дозволено да гласаат во нивната земја на живеење.

Избирачките места, од кои вкупно се околу 22.000, ќе бидат отворени во 7 часот и ќе останат отворени 12 часа.

За прв пат по повеќе од една деценија, Грците ќе излезат  да го дадат својот глас за да изберат влада која самостојно ќе управува со економијата на земјата, без притисок од меѓународните кредитори.

Конзервативниот премиер Киријакос Мицотакис бара втор мандат откако минатото лето заврши драконскиот режим за контрола на трошењето наметнат од меѓународните кредитори за спас на грчката економија.

За разлика од некои премиери кои ги прошетаа своите чевли на Харвадр, грчкиот дипломецот од Харвард, кој зборува англиски, како и неговиот мајчин грчки, и обезбеди на Грција неочекувано висок раст, пад на невработеноста и неизбежно враќање на инвестициската оценка на глобалниот пазар на обврзници.

Loading...

Обврските  кон Меѓународниот монетарен фонд беа вратени пред време.

 

 

Педесет и пет годишниот Мицотакис  претходно се сметаше за уверен за реизбор, но неговата централно-десничарска партија Нова демократија би можела да се бори да остане на власт додека земјата излезе од битката за опстанок.

За потсетување, Европските влади и ММФ втурнаа 280 милијарди евра во грчката економија во периодот од 2010 до 2018 година за да го спречат банкротот. За возврат, тие побараа реформи и остри мерки за намалување на трошоците. И уште едно за жал не вкусно  потсетување, во рамкита на таквото ,,втурнување,, беа и 160- милијарди евра како,, морковче,, добиено од ЕУ за нашиот јужен сосед   за успешниот дил меѓу Левичарот Ципрас, ,а во коопродукција на нашиот ни премиер Зоран Заев за историскиот договор во Нивице Преспански  документ,односно со промената на името  на нашата држава . Грција се ,,омрси,, со 160 милијарди евра за помош и исплата на пензиите на грчките пензионери, а да потсетиме и со усвојувањетио на ,,октроираниот ,,француски предлог,, од страна на пратениците на коалицијата ДУИ и СДСМ ,Бугарија се почести со 12 милијарди евра за социјални пакети. Убави суми нели?

Македонците , во низа со предавнички влади и клиетелизам  прифатија ,октроирани договори најпрвин Рамковниот од 2001  во Охрид,  потоа Преспанскиот, и на крајот Бугарскиот го добија ,,стапот,, а нашите соседи секогаш морковот.Но, тоа е сосема друго прашање, и во друга прилика.

Да се навратиме на изборите во хеленската република Грција.

Loading...

Тешката рецесија и годините на вонредно задолжување ја оставија Грција со огромен национален долг, кој достигна 400 милијарди евра во декември и ги уништи приходите на домаќинствата за кои веројатно ќе биде потребна една деценија за да се опорави.

Исцрпени по политичките и економските превирања во ерата на спасување, обичните Грци потонаа во приватни долгови, ниски плати и несигурност на работните места.

Мицотакис го загуби долгогодишното двоцифрено водство во анкетите по железничката катастрофа на 28 февруари во која загинаа 57 лица, од кои многу студенти, нарушувајќи го имиџот на владата како модерна и ориентирана кон бизнисот.

Европскиот парламент исто така го истражува скандалот откако истакнати грчки политичари и новинари открија шпионски софтвер на нивните телефони. Тоа откритие ја продлабочи недовербата меѓу партиите во време кога можеби е многу потребен консензус, оценува агенцијата.

Шест политички партии се очекува да влезат во парламентот, од националисти скептични кон НАТО до Комунистичката партија.

Екстремно десничарската Грчка партија, основана од затворен поранешен пратеник со историја на неонацистички активности, беше забранета од Врховниот суд.

Опозицијата ја предводи 48-годишниот Алексис Ципрас, поранешен премиер и жесток лидер на левичарската Сириза. Неговата кампања во голема мера се фокусираше на железничката катастрофа и скандалот со прислушувањето, пренесува Танјуг.

Анкетите покажуваат дека изборите нема да произведат директен победник според новововедениот систем на пропорционална застапеност, за што може да бидат потребни нови избори на почетокот на јули, кога системот ќе се врати на оној што ја фаворизира победничката партија со бонус место во парламентот.

Loading...

Дури и тогаш, сегашните анкети сугерираат дека Мицотакис би можел да биде принуден на коалиција, при што некогаш моќната социјалистичка партија Пасок – која целосно исчезна за време на кризата – потенцијално ја свртува вагата.

„Немаме култура на консензус во нашиот политички систем, тоа е повеќе од нулта сума: ако изгубиш, јас победувам“, вели Тодорис Георгакопулос, уреднички директор на Дијанеоза, независен тинк-тенк во Атина.

Грејс периодот на релативно ниските годишни сметки за отплата на спасувачкиот пакет ќе трае уште 10 години, рече тој, додавајќи: „Дотогаш мораме да смислиме нов продуктивен модел за земјата. Многу од нашите најважни реформи се оставени за крај, во правосудниот систем, образованието и здравството, бидејќи тие ќе бидат најтешки. Предизвикот на овие избори ќе биде да се најде консензус што е потребен меѓу политичките сили во земјата за да може да се спроведат овие многу тешки реформи“.

Во продолжение би предложил да ве насочам кон некои интересни податоци и информации, односно да ве потсетам или информирам, а суштествен и за исходот од изборите во Грција.

Имено, изборите закажани за 21 мај ќе се одржат според новиот изборен модел, кој ќе се користи само овој пат.

Поточно, моделот беше воспоставен во 2016 година од левоориентираната влада на чело со Алексис Ципрас. Но, според грчкото законодавство, усвоените измени на законот ќе се применуваат со задоцнување (на овие избори на 21 мај). Со овој закон се намалува можното влијание на актуелната власт на следните избори.

Loading...

 

 

 Изборите во 2019 година се одржаа во согласност со стариот изборен закон.

Изборниот модел (усвоен во 2016 година), кој ќе биде основа за изборите на 21 мај, не ги вклучува дополнителните бонус претставници и се заснова на пропорционалниот изборен модел. Сепак, сегашната влада предводена од Мицотакис го врати стариот изборен закон во 2020 година со некои мали измени.

Loading...

Ова значи дека следните избори (кога и да се одржат по 21 мај) ќе се одржат според традиционалниот модел со малку изменет систем на „бонус претставници“ за победникот.

Тоа значи дека ако победничката партија освои 25% од гласовите ќе добие бонус од 20 претставници, а ако освои 40% (ако добие 38% поконкретно), ќе добие бонус од 50 претставници.

Едноставна симулација за актуелните избори закажани за 21 мај, со сегашната распределба на моќта, би била следнава: доколку победникот на изборите освои околу 42% од гласовите, според сегашното законодавство победникот би имал 126 претставници, додека според старо-новиот закон, кој ќе стапи на сила од следните избори (на пример во јули 2023 година) би имал 158 претставници (мандати).  Симулацијата е направена според сегашниот однос на силите и за свикување на парламентот во кој би биле вклучени шест политички партии.

Ова не требаше да се случи

Железничката трагедија што се случи во областа Темпи на 28 февруари 2023 година однесе 57 животи. Многу од жртвите биле студенти на врвот на својата младост. Патничкиот воз Атина-Солун се судри со товарен воз. Соопштено е дека причина за трагедијата е човечка грешка. Но, веќе неколку години железничкиот синдикат се жали на лошите услови и бара подобрување на инфраструктурата на грчките железници. За ова никој не одговараше. Овој пат целата влада на Мицотакис ја плати цената и нејзиниот рејтинг драстично падна.

На изборите ќе влијае и скандалот со прислушувањето на претседателот на ПАСОК Андрулакис, кој се појави летото 2022 година. Имено, по предупредувањето за обид за прислушување од службата за сајбер безбедност на Европскиот парламент, Грчката управа за комуникациска безбедност и приватност (ADAE), утврдила дека грчкото разузнавање

Loading...

Грчката разузнавачка служба (ЕЈП) го прислушувала телефонот на Андрулакис. Се покажа дека прислушувањето на телефонот е направено по законски добиена наредба од релевантниот обвинител, под изговор за можна соработка на Андролакис со странскиот фактор. Ова всушност не звучеше убедливо. Политичката цена беше платена, а директорот на разузнавачката служба EYP поднесе оставка од функцијата, како и генералниот секретар на премиерот Мицотакис, Григорис Димитријадис. Тој е неговиот внук од неговата сестра (не Дора, туку Катерина Мицотакис) и човек со најголема доверба на премиерот. Останува дилемата дали Мицотакис бил информиран за оваа деликатна акција на EYP.

 Тековен рејтинг на партиите

Грција има угледни агенции за анализа на рејтингот на јавните партии и јавното мислење. Долги години нивните анализи добро ги прогнозираат изборните резултати.Претстојните избори ќе бидат тест за следните големи партии: Нова демократија, СИРИЗА и ПАСОК и помалите партии како ККЕ, МеРа25 и Елиники Лиси.Сегашниот рејтинг на Нова демократија се искачува до 33%. Но,анализите на агенциите традиционално се однесуваат и на параметарот „прогнозирани гласови“ кој за Нова демократија оди до 36,9%.

На Нова демократија ќе и требаат околу 38% за да ја формира владата, не според сегашниот, туку според изборниот модел, вклучувајќи го и зголемениот бонус на дополнителни претставници.

Овој факт треба да се земе предвид, бидејќи е можно земјата да одржи нови последователни избори (на почетокот на јули).

Ако никој не ја формира владата по претстојните избори. Нова демократија очигледно го преживеа падот на својот рејтинг по трагедијата во областа Темпи.

СИРИЗА има понизок рејтинг од Нова демократија за околу 6% (нејзиниот рејтинг е на ниво од 27%).

Loading...

Следува ПАСОК (рејтинг на ниво од околу 10%), а потоа ККЕ (рејтинг на ниво од околу 7%). Рејтингот на партиите MeRa25 и Ellinikí Lýsi е нешто над изборниот праг од 3 отсто за учество во Парламентот.

Тежок изборен ден

Симулации на можни репрезентативни мандати прават и агенциите за анализа на рејтингот на политичките партии. Доколку сегашната распределба на моќта остане непроменета до изборите, партиите што ќе го сочинуваат парламентот вклучуваат:

● Нова демократија: 121 (претставници)

.СИРИЗА: 100

Loading...

● ПАСОК: 33

● ККЕ: 32

● MeRa25: 12

● Ellinikí Lýsi: 11.

 

Ден по изборите

Несомнено е дека грчката претседателка Катерина Сакеларопулу најпрво ќе му го додели мандатот за формирање влада на Мицотакис, за тој да се обиде да формира влада.

Но, извесно е дека Нова демократија нема да може сама да ја формира владата. Единствената десничарска ориентирана партија е Ellinikí Lýsi, но коалицијата на двете нема да обезбеди вкупно 151 глас.

 

Затоа, постојат две опции

Една од опциите е Мицотакис да си го врати мандатот, надевајќи се на нови избори. Тој може да води агресивна кампања со цел да го зголеми рејтингот на партијата на најмалку 38%. Следните избори најверојатно би се одржале на почетокот на јули пред почетокот на високата туристичка сезона.

На Мицотакис совршено би му одговарало доколку помалите партии не го исполнат изборниот праг од 3 отсто, за да може да добие поголем број бонус претставници. Ако тогаш Нова демократија освои повеќе од 38% од гласовите, ќе може сама да формира влада.

Другата опција за Мицотакис е да му понуди на ПАСОК формирање коалициска влада, но некако во моментов нема поголем ентузијазам за такво нешто. Соработка меѓу Нова демократија и СИРИЗА не е опција.

Ако Мицотакис го врати мандатот, Ципрас ќе се обиде да формира влада. Сепак, шансите за формирање влада од левичарски ориентирани партии (СИРИЗА, ПАСОК и МеРа25) се мали и таквата опција исто така не би била популарна.

Премиерот Мицотакис рече дека таквата опција ќе значи „влада на поразените“. Истовремено, левоориентираните партии стравуваат дека со ваквиот потег би предизвикале револт кај гласачите, бидејќи ваквата практика досега е невидена. Понатаму, никој во Грција не е подготвен да го заборави апокалиптичниот план на Варуфакис да воспостави нов платен систем во земјата. ККЕ одбива секаков вид на соработка.

Кирјакос Мицотакис има највисок личен рејтинг како кандидат за иден премиер – 37%. По него е Алексис Ципрас, чиј рејтинг е на ниво од 21%.

Неодамна во интервју Андролакис изјави дека дури и да се формира коалициска влада во иднина, Мицотакис не може да биде нејзин премиер. Андрулакис алудираше на прислушувањето и на трагедијата во областа Темпи.

Мицотакис природно не се согласува со таквиот став, бидејќи ужива најголема поддршка од сите политичари.

Несигурност

За прв пат во неколку последни изборни циклуси, анкетите на јавното мислење не покажуваат дека некоја партија во моментов би можела да победи со убедлива победа, а потоа сама да формира влада. Сето ова го комплицира актуелниот изборен модел. Коалициите не се популарни во Грција, но не се и невозможни.

Loading...

Евентуалните последователни избори со користење на старо-новиот прилагоден модел на бонус претставници ќе и дадат предност на најголемата партија. Последните неколку недели е забележан тренд на зголемен рејтинг на премиерот Мицотакис и и Нова демократија.

Ќе заклучам и порачам:  нека победи подобриот!

Изнесените ставови во колумната се лични ставови на авторот. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.