Италијански градоначалник штрајкува со глад поради ковид мерките на владата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Месина, град на Сицилија, во вторникот започна штрајк со глад за да се бори против владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Loading...

За време на викендот, Катено де Лука поставил шатор во пристаништето на тој град на Сицилија и оттогаш спие таму.

Неговата намера е симболично да го „блокира“ преминот Месина, кој се наоѓа помеѓу Сицилија и италијанското копно.

Де Лука, лидерот на регионалното движење Сицилија Вера, протестира против правилото според кое само вакцинирани лица и оние кои го прележале коронавирусот можат да доаѓаат и одат од островот, со брод или со авион, пренесува Хина.

Овој политичар тврди дека државата ја „заробила“ Сицилија.

Тој во понеделникот поднесе оставка од функцијата градоначалник, која стапува на сила во февруари, додека во вторник наутро отиде чекор понатаму и на Фејсбук објави дека ќе започне штрајк со глад.

Владата во Рим од 10 јануари спроведува построги правила за да го намали ширењето на вирусот и да се обиде да ги натера оние што не сакаат да се вакцинираат да се предомислат.

Правилото за вакцинираните и оние кои закрепнале од коронавирусот сега се применува на хотелите, конгресните центри, рестораните, скијачките центри, како и локалниот и друг сообраќај, како што се траектите.

Loading...

Досега околу 80 отсто од Италијанците се целосно вакцинирани.