Истражување: Вакцината против Ковид е безбедна за луѓе со ревматски заболувања

Сподели со своите пријатели

Се чини дека вакцините против Ковид-19 се безбедни за луѓето со ревматски и мускулно-скелетни заболувања, а веројатноста за предизвикување напади, нагло влошување на симптомите на основната болест, е помала од пет проценти, открија научниците.

Loading...

Наодите се базираат на податоци од 5.121 пациент во 30 земји.

Сериозни напади на основната болест се случиле кај помалку од еден процент од пациентите по вакцинацијата, утврдија научниците.

 

 

 

Општо земено, влошените симптоми се со поголема веројатност да се појават кај пациенти со активна болест, според извештајот објавен во Annals of the Rheumatic Diseases.

Loading...

„Важно е да се забележи дека егзацербациите на болеста може да се појават како дел од болеста, а пријавените стапки на егзацербација на основната болест се компатибилни со природната историја на болеста и не мора да бидат предизвикани од вакцините САРС-КоВ-2. “, рече д-р Педро Мачадо од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Најголем дел од испитаниците биле закцинирни со Фајзер

 

 

Просечната возраст на учесниците во истражувањето била 72 години, а повеќето биле жени, пренесува Хина.

Многумина имале воспалителна болест на зглобовите, болест на сврзното ткиво или васкулитис и добивале различни комбинации на антиревматски лекови, имуносупресиви и други лекови.

Повеќето ја примиле вакцината Фајзер/Бионтек (70 проценти), потоа  АстраЗенека (17 проценти) и Модерна (8 проценти).

Loading...

„Нашите наоди треба да обезбедат безбедност на ревматолозите, другите здравствени работници и примателите на вакцини и да ја зголемат довербата во безбедноста на вакцинацијата против Ковид кај луѓето со воспалителни ревматски заболувања“, рече д-р Маќадо.