„Инклузива“ регистрираше бројни неправилности на гласањето

Сподели со своите пријатели

Осумдесет проценти од објектите во кои се гласаше вчера, не беа пристапни за лице со инвалидска количка, констатира Благица Димитровска, претседателката на Здружението „Инклузива“ која вршеше набљудување на референдумскиот ден.

Со 40 набљудувачи за прв пат здружението се грижеше на референдумот правото на глас да можат да го остварат и лицата со попреченост, меѓутоа регистрираа низа неправилност до пристапот кои овие лица го имаат до гласачките места.

– Тоа е општо познато но за жал не се преземаа мерки онаму каде што има услови гласачките места да не бидат на втор кат, повоторно се гласаше на втор кат а училници имаше на првиот. Другите неправилности се непотребните предмети беа на некои од гласачките места што го попречуваа движењето на оваа категорија граѓани. Во референдумските материјали кои дел од нив ги подготвивме и ние, имаше и новини кои ги подготви Државната изборна комисија не се употребуваа правилно, граничникот речиси воопшто не се употребуваше, бидејќи само на едно гласачко место кое го набљудуваа нашите набљудувачи е употребувано, на останатите воопшто не, изјави Димитриевска.

Сликовитите прикази за процесот на гласање како што навеле набљудувачите на здружението биле поставени на погрешни места, материјалите, како што рече Димитриевска пристигнале до избирачките одбори, но не и информациите како да ги употребуваат.

– Многу ми е криво за граничникот бидејќи требаше да се употребува за секој гласач, не само за лица со попреченост а воопшто не се употребуваше. Се вложи труд од институцијата за организирање и спроведување на избори и од Инклузива како предлагач на тој вид на поддршка на граѓаните, додаде Димитриевска.

На гласачко место во Брвеница, бил регистриран говор на омраза и пцовки со навреди кон гласачите, но и набљудувачите на Инклузива.

Сепак од здружението изразуваат надеж дека соработката со институциите ќе продолжи и понатаму со цел сите овие недостатоци да се отстранат за следните изјаснувања, со цел лицата со попреченост да имаат еднаков третман со останатите.

Leave a Reply