Индонезија ќе потроши 284 милиони долари за мост од 7 километри

Сподели со своите пријатели

Индонезија планира да изгради мост долг седум километри кој ќе ги поврзува двата острови во Малајскиот мореауз во близина на Сингапур.

Loading...

Тој зафат е дел од напорите во областа да се развијат индустријата и туризмот, соопшти индонезиската влда.

Мостот кој ќе ги поврзува островите Батам и Бинтан ќе чини околу 284,35 милиони долари, соопшти канцеларијата на секретарот на владата, а пренесе Ројтерс.

Мостот ќе биде најдолг во оваа јужноазиска земја.

Изградбата ќе започне во 2020 година, а мостот би требало да биде завршен за три до четири години.

Image by Sungho Song from Pixabay

Leave a Reply