Имате проблеми со отечени нозе? Пробајте едно од овие природните решенија

Сподели со своите пријатели

Експертите советуваат дека прво треба да се консултирате со вашиот лекар, кој може да ви препише терапија за намалување на отокот, а доколку сакате да се потпрете на билките и советите на бабите од кујната, пробајте неколку рецепти кои можат да ви помогнат да се чувствувате лесно во нозете.

Loading...

Кујнска сол

Во сад со топла вода ставете половина чаша кујнска сол. Потопете ги стапалата во оваа течност и држете ги 10 до 15 минути. Ќе почувствувате моментално олеснување. Користете ја оваа купка секоја вечер пред спиење.

 

 

 Топло-ладно миење на нозете

Наполнете сад со топла вода, а друг со ладна. Нозете прво потопете ги во топла вода и држете ги десет минути, а потоа ставете ги во сад со ладна вода. По неколку минути, вратете ги стапалата во топла вода и држете ги околу пет минути. Оваа купка ќе ја подобри циркулацијата во нозете.

Loading...

Паста со прашок за пециво

Измешајте две лажички прашок за пециво и две лажички оризова вода. Промешајте и направете паста. Нанесете ја смесата на нозете и зглобовите. Можете да додадете поголема количина од оваа паста во сад со топла вода и да ги натопите стапалата. Прашокот за пециво и оризовата вода ќе го апсорбираат вишокот течност од стапалата и зглобовите.

 Етерични масла

Додадете ги есенцијалните масла од еукалиптус, нане и лимон во топла купка  и држете ги стапалата во неа околу 15 минути. Овие миризливи масла ќе го намалат отокот и ќе имаат релаксирачки ефект врз целото тело.

Јаболков оцет

Намачкајте ги стапалата и зглобовите со јаболков оцет и веднаш ќе почувствувате олеснување. Овој оцет ќе го апсорбира и отстрани вишокот течност и ќе го намали отокот, вкочанетоста и олката.

 

Loading...

 

Чај од магдонос

Направете чај од суви листови од јаглика и пијте по две до три шолји секој ден. Магдоносот е природен диуретик и ќе му помогне на телото да се ослободи од вишокот течности.

Зелка

Избришете неколку листови свежа зелка со влажна крпа и ставете ги на отечени стапала. За уште подобри резултати, чувајте ги листовите зелка во фрижидер неколку часа пред употреба. Овој зеленчук влијае на исфрлање на вишокот течност од нозете, дури и за половина час.