Има стотици тумори по своето тело и живее во страшни болки (видео)

Сподели со своите пријатели

Шадот Хосаин (47) пати од тешко генетско пореметување, има стотици тумори кои му го прекриваат целото тело. Верува дека пати од неурофиброматоза, што доведува до тоа на неговото тело да се појавуваат неканцерогени израстоци.

На Шадоту му е потреба итна операција која ќе му ги исчисти туморите и ќе му го спаси видот. ТУморите се поприлично ретки, така да тој не може да носи облека и има потешкотии да се храни. Изгледа толку страшно што и неговиот 12-годишен син се плаши да го погледне.

Не можам да одам надвор, затоа што децата се плашат и ме нарекуваат чудовиште. Не сум бил ваков одсекогаш. Како млад бев убав и згоден – рекол несреќниот човек.

Loading...

Вели дека неговиот син Абдулах не разговара со него. Истакнува дека го разбира затоа што не може ништо да направи за него и неговото семејство. Морал да ја напушти работата затоа што поради својата болест повеќе не бил во состојба да работи. Без редовни приходи не можел да си дозволи лекови и отстранување на туморите.

Неговата сопруга го видела влошувањето на состојбата и што недостатокот на пари направил во семејството.

Тој сега не може ништо да работи. Дури му е потребна помош и да ја смени облеката и да оди во тоалет. Селаните ни донесуваат облека, бидејќи не можам да заработувам за живот. Мојот сопруг е болен и морам да го прифатам тој факт. Нашите две ќерки се омажија, а поради парите не можам синот да го испратам на училиште – вели таа.

Кога прв пат ја запознал својата жена Шадот веќе имал тумори, но се уште можел да води нормален живот. Првиот тумор го забележал на 13 години, а во псоледните пет години неговата состојба значително се влошила, затоа што не може да види како што треба.

Лекарот Махмудул Хасан вели дека никогаш не видел пациент во ваква состојба. Семејството е без пари за лечење и приморани да се се ослонуваат на луѓето со добра волја. Локалниот социјален работник зпаочнал и кампања за собирање пари на името на Шадот и благодарение на тоа тој ќе замине во Националниот институт во Дака на преглед за да му се постави целосна дијагноза.

www.funnymagazine.info