Им ги претепале децата во Диво насеље, па родителот се заканувал со пиштол

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 16,00 часот во Полициска станица Куманово, Е.З.(26) и неговиот роднина Р.С.(25) пријавиле дека истиот ден околу 15,30 часот додека со патничко моторно возило „Рено Еспејс“ се движеле по улица „Тоде Мендол“, биле сопрени од А.М.(26) од Куманово кој заедно со лицата А.С.(29) и Ф.С.(37), двајцата од Куманово, физички ги нападнале, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откако оштетените отишле дома и им кажале за настанот на нивните роднини истите излегле на улица „Ужичка“ каде се сретнале со тројцата сторители, при што еден од пријавените лица со пиштол им упатил закани.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply