Илон Маск гради нова фабрика: Пристигнува градот Старбејс

Сподели со своите пријатели

Ексцентричниот американски претприемач на Твитер во вторникот објави „создавање на градот Старбајс во Тексас“, без да даде повеќе детали.

Loading...

Спејсекс, сопственост на Илон Маск, гради нова фабрика во Тексас за својата широкопојасна услуга „Старлинк“, според огласот за работа за инженери, што му овозможува на милијардерот да продолжи да инвестира во јужноамериканската држава.

Маск, кој раководи со неколку футуристички компании, вклучувајќи ги Тесла, Невралинк и Боринг, во декември се пресели од Калифорнија во Лоун Стар Стејт, Тексас, за да се фокусира на новата фабрика на производителот на електрични автомобили и неговиот потфат Спејсекс.

Ексцентричниот американски претприемач на Твитер објави во вторникот „создавање на градот Старбејс (ѕвездена база) во Тексас“, без да наведе повеќе детали.

Во огласот за вработување SpaceX за инженери во Старлинк се наведува дека се отвора „нова, модерна“ фабрика за производство во Остон, Тексас, со цел да се одржи чекор со глобалната побарувачка.

Starlink планира мрежа од десетици илјади сателити во ниската орбита на Земјата што ќе обезбеди глобално брз интернет.

Маск претходно изјави дека Старлинк, чие седиште е моментално во Редмонд, Вашингтон, ќе биде главниот извор на финансирање за неговите понатамошни планови, како што е развојот на ракетата Старшип за патнички летови кон Месечината и евентуален обид за колонизација на Марс.

Leave a Reply