Илјадници градници среде поле: За едни туристичка атракција, за други морбидно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замислете огромни зелени пасишта кои се издигнуваат кон белите врвови на планините, изгубени во облаците. Околу тебе чиста новозеландска природа, само неколку селски куќи опкружени со дрвени огради, на кои се протегаат илјада разнобојни градници…

Loading...

Така е кога ќе дојдете во Централно Отаго на југот на Нов Зеланд. Соодветното мото на овој регион е „светот на различностите“, а контроверзната туристичка атракција која го привлекува вниманието на светот се нарекува „ограда на градник“ или Cardrona Bra Fence.

 

 

Битка за градници

Сè започнало пред Новата година во 1998 година, кога минувачите оставиле неколку градници на оградата што го делела патот од фармата.

Како магнети, овие градници привлекле други кои почнале да оставаат свои градници и за една година стотици се појавиле на оградата (сопственикот на имотот очигледно не се противел).

Loading...

Во една прилика некој ги отстранил, што само предизвикало уште поголема „одмазда“ на градниците, бидејќи до крајот на 2000 година на оградата имало околу 200, а на почетокот на 2006 година околу 800.

Оградата во селото Кардрона неофицијално стана „Брадрона“. Послужи и како повод за хуманитарни акции за собирање пари за лекување на болни од рак на дојка.

 

 

Двојни реакции и среќен чувар

Додека некои го сметаат за легитимна туристичка атракција, други се згрозени. Покрај тоа, многумина тврдат дека глетката на стотици градници на патот може да ги збуни возачите додека возат и да поттикне сообраќајни несреќи.

Кавгите завршиле кај локален овчар. Со текот на годините, тој станал неофицијален чувар на градниците, горд на оваа често фотографирана атракција.

Loading...

Покажа писма од обожаватели и туристи кои ја фалат оградата полна со градници и со текот на времето страстите се смириле. Но, и тој еден ден ќе се пензионира, а за градниците некој ќе треба да се грижи…

Сѐ уште не се познати причините за првото поставување на градници на огради. Сепак, се чини дека тоа повеќе не е важно денес.