Идентификувани лицата кои патувале со заболената од коронавирус


Девет лица патувале во комбето со педесетгодишната жена од Скопје кај која денеска попладне беше регистрирано присуство на коронавирусот.

Од сопатниците дел се од Скопје, а останатите од Струмица.

Loading...

Министерот Венко Филипче на вечерашната прес конференција дека сите се пронајдени и ќе бидат во изолација 14 дена.

Граѓаните да не шетаат низ институции, туку да повикаат медицинска екипа дома

-Станува збор за комбе во кое биле девет луѓе, осум патници и еден возач. Три се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката која што ја пречекале и три места во Струмица. Во овој момент упатени се екипи на епидемиолози заедно со претставници на МВР за да се направи соодветната анкета по однапред утврден прашалник кој што е во регуларниот пристап на епидемиолозите, рече Филипче.

Филипче порача да не се крева паника без потреба и да не се шират дезинформации по социјалните мрежи.

Пациентката е во добра здравствена состојба, зафатено и е едното белодробно крило, а како што истакна министерот има големи шанси истата да се опорави.

Ситуацијата е под контрола, нема место за паника, тврди премиерот Спасовски

Граничната полиција, рече министерот, не ја регистрирало затоа што на прашалникот кој треба да го одговорат патниците кои доаѓаат од Северна Италија, таа не дала точни информации.

За вработените во Граничната полиција и Царинската управа, Филипче рече дека се соодветно заштитени.

Loading...

Посочи граѓаните да одржуваат редовно хигиена и да не креваат паника.

Никола Ивановски


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *