Граѓаните да не шетаат низ институции, туку да повикаат медицинска екипа дома


Во случај некој од македонските граѓани да забележи симптоми на коронавирусот, задолжително треба да повика медицинска екипа од Центрите за јавно здравје дома, а не да се рашетува низ клиники и болници, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Тој порача дека комуникацијата со Европа е отворена и ќе се скенираат сите граѓани кои доаѓаат од Северна Италија.

Loading...

Ситуацијата е под контрола, нема место за паника, тврди премиерот Спасовски

– Мора да имаме предвид дека комуникациите во Европа се отворени. Цела Северна Италија со сите европски земји, тоа е причината зошто ги скенираме сите патници кои доаѓаат. Ќе постапиме со истиот алгоритам со сите патници кои доаѓаат сега и од европсктие дестинации, ако некој има симптоми ќе биде изолиран и испитан, за сите други важат информации од флаерот и алгоритмот, да не шетаат по здравствените институции да ги повикаат надлежните да ги прегледаат во домашни услови, рече министерот Филипче.

Министерството за здравство објави и посебни контакт телефони за ваквата намена за да се спречи дополнително ширење на болеста.

Карантин и изолација има за оние кои имале контакт со заразено лице, па надлежните сега се обидуваат да дојдат до целосната листа на луѓе кои патувале со заразената скопјанка и со кои пак трети лица тие подоцна биле во комуникација во текот на денешниот ден.

Жената кај која е регистриран вирусот била месец дена во Италија,  а две недели минала таму во болница, каде не и бил потврден вирусот, поради што надлежните сметаат дека инкубацијата е завршена надвор од Македонија, но сепак ќе ги преземат сите мерки.

Како што појасни др. Жарко Караџовски од Инфективната клиника, секое пристигнување на сомнително лице кое има симптоматологија со респираторно заболување се најавува и се преземаат соодветни мерки за заштита на лекарскиот персонал.

Loading...

Преку Табановце влегла жената заразена со коронавирус во Македонија

-Се најавува дека се транспортира такво лице од аеродром или од друга институција, имаме спремна екипа со заштитна опрема од глава до пети како што гледате во кинеските кадри од болниците. Екипата која беше од наша страна испратена да земе анкета се задржа помалку од два часа беа влезени опремени со заштитна опрема за заштита од корона вирус, рече Караџовски.

Лицата кои доаѓаат со симптоми на клиниката влегуваат од посебни влезови и не се рашетуваат низ амбулантите.

– Се сместуваат низ посебни патеки на движење, за нас е многу важно да има патека на движење, не може кој како сака да шета, со други зборови лицето било спроведено до местото на хоспитализација согласно сите протколи во комплетна заштина опрема, на итензивна нега и под будно следење на лекарите. Немојте да мислите дека можеме да го сместиме во било која клиника, инфективната и интензивна нега значи изолација од останатите на клиниката, појасни тој.

Компаниите привремено да не ги примаат на работа вратените од Италија, порача Филипче

Инаку жената е свесна во контактна состојба и дише самостојно, додека лекарите ги спроведуваат сите останати тестови.

Повеќе детали надлежните најави за прес конференцијата која треба да се одржи некаде околу 20 часот.

Никола Ивановски


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *