И украле пари, злато, но и покојниот сопруг

Сподели со своите пријатели

Британската полиција ја повика јавноста да помогне во идентификација на двајца мажи кои се осомничени за кражба на пари, накит, банкарски картички и урна со пепел од сопругот на старата жена.

Полицијата објави фотографии од осомничените. Детективот Роберт Костиган тоа го нарече „посебно мачен злочин“, кој има разорувачко влијание врз 83-годишната жртва.

„КРАЖБА НА ВЕКОТ“: Во Шпанија украле четири тони портокал (фото)

Loading...

Според наводите на полицијата човекот кој се претставил како водоводџија ја убедил жената да го пушти во домот во Гринвич, со образложение дека има дефект.

Кога човекот заминал, жената сфатила дека некои работи се украдени, а меѓу нив и медалјони и кутии во формана срце со пепелот од нејзиниот маж.

Полицијата верува дека другата личност влегла во домот додека жртвата била окупиран со човекот кој се преправал дека е водоводџија.

Leave a Reply