И Естонија е за укинување на летното сметање на времето

Сподели со своите пријатели

Естонија соопшти дека ја поддржува идејата на Финска за укинување на праксата за поместување на часовникот нанапред во текот на летото, што е пракса во Европската унија, но се уште не одлучила кое време сака да остане како трајно.

Министерот за економија Кадри Симсон изјавил дека праксата за поместување на часовникот за еден час застарела при рапидните технолошки промени и дека аргументите за тоа, повеќе не се валидни, пренесува АП.

Естонската влада, исто така, цитираше здравствени студии, кои го поддржуваат тој чекор, иако за усвојување се бара неопходна поддршка на мнозинството земји членки на ЕУ, кои мораат заеднички да ја направат промената.

Финска во јануари соопшти дека ќе покрене иницијатива за укинување на поместувањето на часовникот, а откако за тоа се изјасниле над 70.000 граѓани.

Leave a Reply