Хуманитарни пакети за самохрани родители и жртви на семејно насилство од Куманово од МТСП

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика обезеди хуманитарни пакети за самохрани мајки и жртви на семејно насилство во Куманово кои ќе бидат дистрибуирани преку заедничка соработка на Центарот за социјални работи Куманово и Црвениот крст Куманово.

Loading...

Во Куманово ќе бидат опфатени 31 самохрана мајка и десет жртви на семејно насилство на кои им се обезбедни по два прехранбени пакети и по два со хигиeнски средства и дезинфекција.

-Самохраните мајки се кориснички на гарантиран минимален приход и потекнуваат од урбана и рурална средина, додека жртвите на семејното насилство, исто така се евидентирани во Центарот за социјални работи Куманово, со кои е работено изминатиов период и преземени се мерки за нивна помош и заштита, изјави директорот на Центарот за социјални работи Куманово, Александра Арсовска.

Диструбуцијата, најавија, надлежните од Центарот почнува од утре, а списоците се добиени од МТСП.

МИА

Leave a Reply