Хуманитарна трка за Теодосија и Ана во Куманово

Сподели со своите пријатели

Ревијална трка од хуманитарен карактер ќе се одржи на 27 мај (сабота) со почеток во 10 часот на булеварот „Октомвриска револуција“.

Loading...

Станува збор за трка по кружна патека, со почеток и крај кај Браво кеј, информираше претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска на денешната седница.

Трката се организира со цел да им се помогне на семејствата на двете девојчиња од Куманово, Теодосија и Ана кои што боледуваат од тешка болест, а во моментов и двете се хоспитализирани и се лекуваат во болница во Истанбул, Турција.

Според информациите со кои што располага претседателката Ѓорѓиевска, на двете семејства дневно им се потребни по околу 1.500 евра, за да ги платат вкупните трошоци за нивниот престој во Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставата „Младиот чорбаџија“ во понеделник во Куманово

 

 

Трката, како што потенцираше Ѓорѓиевска е ревијална, не е од награден карактер, „но победникот ќе биде здравјето на двете наши мали сограѓанки“.

Loading...

Ѓорѓиевска очекува масовен одзив на хуманитарната трка бидејќи кумановци биле и се хумани луѓе.

Таа ги повика основците, средношколците, студентите, советниците, граѓанските здруженија, спортските клубови, бизнис заедницата, граѓаните, медиумите да дадат свој придонес учествувајќи во трката.

Четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово се бори со тешка болест – тумор на бубрег, додека деветгодишната Ана Аргировска боледува од тешката болест Diamond Blackfan anemia.