Хрватскиот државен врв на комеморација за жртвите во Вуковар

Сподели со своите пријатели

По повод 28-годишнината од злосторството во Вуковар, хрватскиот државен врв предводен од претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ присуствуваат на комеморација за жрвите.

Loading...

Пленковиќ рече дека треба да се постигне политичка волја во Србија за да и се обезбедат на Хрватска информации што можат да помогнат во разјаснувањето на судбината на исчезнатите.

Пленковиќ не сакаше експлицитно да одговори на прашањето на новинарот за блокирање на разговорите за пристапување на Србија во ЕУ со цел да ги добие овие информации, велејќи дека патот на Србија кон ЕУ „е сè уште толку строг, полн со услови“.

„Овие се фундаментални прашања што треба да се решат во поглавјето за фундаментални права“, рече Пленковиќ на одбележувањето на 28-годишнината од страдањето во Вуковар, во кое, по тримесечна опсада, влегола припадници на тогашната Југословенска народна армија (ЈНА) и српски паравоени формации.

Премиерот исто така рече дека владата постојано работи на прашањето за пронаоѓање на исчезнати лица, додавајќи дека државните институции нема да престанат додека не се реши прашањето.

Комеморацијата започна со комеморативниот собир во дворот на болницата во Вуковар, а продолжи со колона за сеќавање низ градските улици до Спомен-гробиштата за жртвите од војната.

Хрватскиот парламент неодамна донесе одлука дека од следната година, 18 ноември ќе биде одбележан како Ден на сеќавање на жртвите од војната и Денот на сеќавањето за жртвите од Вуковар и Шкабрње и дека ќе биде неработен ден.

Leave a Reply