Хорор во Тајланд: Ученик загина во експлозија во училиште, пет ученици се повредени

Сподели со своите пријатели

Еден ученик загина, а петмина се повредени при експлозија на противпожарен апарат во средно училиште во Бангкок, соопштија локалните власти.

Loading...

Според извештаите, експлозијата се случила за време на годишната вежба за пожар во училиштата Рајавинит Матајом во областа Дусит во главниот град на Тајланд, јавува Асошиетед прес.

Можно е уредот да не функционирал поради изложување на сонце или топлина, изјави Ањавут Попај од фондацијата Руам Катанју, една од најголемите спасувачки организации во Тајланд.