Хорор во Србија: Ученик пукаше во училиште, шест лица убиени

Сподели со своите пријатели

Момче (14) пукало во училиштето во српски Врачар „Владислав Рибникар“ и во таа прилика убил шест лица, меѓу кои и деца и чувар.

Loading...

Како што неофицијално пишува Нова.рс, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица Тришова, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.

Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар.

Според неофицијални информации, првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

За потсетување, осум екипи на итната помош во моментов се пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде утрово се случи престрелката.

Според Нова.рс, осомничениот ученик (14) по пукотниците побегнал од местото, но полицијата набрзо го уапсила.

Loading...

Момчето го застрелало поранешниот учител со пиштолот на неговиот татко, го убил чуварот, а бројот на ранети се уште не е познат.

На лице место е министерката Даница Грујичиќ, а пристигна и министерот Бранко Ружиќ.