ХОРОР: Халуцинации на момче под дејство на синтетичка дрога, опасна за младите (видео)

Сподели со своите пријатели

Шокантна снимка кружи по интернетот и прикажува човек како напаѓа полицаец, крши прозорец и ползи по земјата како зомби. Сето тва се одиграло во Лексингтон во американската сојузна држава Кентаки и последица е на земање на новата дрок која се нарекува „спокојство“.

Нова дрога коси низ светот: 100 пати посилна од хероинот

Loading...

На почетокот на видеото се гледа како издрогираното момче полицајците го подигаат од земја. Тој ги напаѓа, мавта со рацете и ‘ржи, што потсетува на сцени од хорор филмови.

Двајцата полицајци биле приморани да ги користат своите електро-шокери, а момчето со глава го скрши излогот, пред да падне на подот. Тоа, не го спреччило да продолжи да ги напаѓа полицајците од земјата.

Како пренесува „Sun“, човекот земал голема количина на синтетичка дрога која е слична на анркотиците кои претставуваат замена за канабис, како што се спајс и црна мамба. Овие дроги предизвикуваат хаос низ Велика Британија последните години.

http://kumanovskimuabeti.mk/niz-svetot-rapidno-se-shiri-nov-vid-na-droga-poznata-kako-flakka-video/

Службеникот на Итната медицинска помош, Џејмс Полк вели дека вработените во оваа служба се во ризик од зависниците.

Денес се почесто го гледаме ова. Ретко се кооперативни, а некои се и малку поекстремни од другите – рекол Полк.

Тој додава дека итната помош пред интервенцијата често ја чека полицијата, затоа што би можеле да бидат нападнати или убодени со игла.

Во поголемиот број случаи, синтетичката марихуана, спајсот или К2 ќе влијаат на мозокот, така да личноста која ги конзумирала моментално ќе полуди или ќе доживее некоја полоша психоза. Ние не го гледаме тој човек лично, туку ефектот на дрогата која ја земал – вели Рас Рид, претседател на организацијата за борба против наркотици.

Што се случува во мозокот кај луѓето кои користат кокаин? (видео)

Илегалните синтетички замени за канабис, кои можат да предизвикаат халуцинации, повраќање и потешкотии со дишењето, наречени се „чума“ во градовите низ Велика Британија. По интернет кружат снимки од островските градови на кои се гледа како дрогирани зависници шетаат по улица без чувство на свест околу себе.