Холандски суд ѝ забрани на земјата да извезува делови за авиони Ф-35 во Израел

Сподели со своите пријатели

Холандскиот Апелационен суд и забрани на земјата да извезува делови за борбени авиони F-35 Lightning II во Израел.

Loading...

Судот ја оправда својата одлука со загриженост за кршењето на меѓународните права во израелската воена операција во Газа.

На еден од клучните добавувачи на делови за авионот Lockheed Martin F-35 Lightning II, судот во Хаг му забрани понатамошен извоз на компоненти во Израел.

Апелациониот суд ја објави својата одлука во понеделник, 12 февруари, по повеќемесечниот правен процес.

Во пресудата се наведува дека постои ризик од кршење на меѓународното право со користење на F-35 во Газа, додавајќи дека израелските напади досега предизвикале илјадници цивилни жртви, пренесува Aero Time.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ја нападна и Сирија

Холандија има рок од седум дена да го запре извозот на делови за авионите во оваа блискоисточна земја.

Во декември, организациите Oxfam Novib, Peace Movement PAX Netherlands и The Rights Forum започнаа правна постапка во Окружниот суд во Хаг за да се запрат испораките на делови во Израел.

Судот тогаш не изрече забрана за извоз, поради што случајот беше изведен пред Апелациониот суд.

Loading...

Заедно со Италија, Холандија е во групата на добавувачи од втор ред (партнери на ниво 2) во програмата Lightning II.

Компании од оваа земја произведуваат композитни материјали, делови од радарскиот систем, кабли и механички компоненти за повеќенаменскиот авион Ф-35, се наведува на веб-страницата на Министерството за одбрана на Холандија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МААЕ: Нема штета на иранските нуклеарни локации

Израелското воено воздухопловство е еден од најголемите корисници на авиони Ф-35 во светот и има над 30 авиони од овој тип во својата флота.

Lightning II може да се користи против цели во воздухот, но и во борбени мисии на напади со директна огнена поддршка и цели на копно и море.