Хокинг пред смртта ја завршил „најголемата теорија“?

Сподели со своите пријатели

Физичарот Стивен Хокинг наводно ја завршил работата на својата „досега најголема теорија“ неколку недели пред да почине, пишуваат британските медиуми.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Loading...

Како пренесува британскиот „Телеграф“, неговите колеги откриле дека последната работа на познатиот физичар моментално е на проверки пред објавување во „еден од анјголемите светски научни журнали“.

ЕКСПЕРТИТЕ ТВРДАТ: За 200 години нема да има живи суштества

Во прашање е труд со името „Глаткиот излез од вечната инфлација“ кој би требало на математичарите да им ја покаже можноста од постојано голем број паралелни универзуми.

ЗАСТРАШУВАЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПОЗНАТИОТ НАУЧНИК: Земјата станува вжештена топка!

Хокинг на теоријата, која би можела да претставува негово „најголемо научно наследство“ работел заедно со др. Томас Хертог, кој потврдил дека последната ревизија е завршена кон почетокот на март, десетина дена пред смртта на славниот физичар.

Ова се најинтелигентните личности во светот, една од нив дипломирала на 13 години (видео)

Во трудот се изведуваат математички формули неопходни за мисијата на вселенската сонда, која би барала докази за постоење на паралелен универзум. Според теоријата, доказите би можеле да се најдат во „позадинската радијација“ која датира од првите моменти од настанувањето на нашиот универзум.

СТРАВИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 100 години луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата (видео)

Британскиот „Тајмс“ истакнува дека овој труд, доколку навистина доведе до некои доакзи, скоро сигурно ќе донесе Нобелова награда за авторите, која Хокинг за животот не ја доби. Сепак, наградата не се доделува постхумно.

Хокинг, еден од најголемите умови на денешницата, почина минатата недела.

Leave a Reply