H&M собирал податоци за вработените, казнет со 35,3 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Германскиот омбудсман го казни со 35,3 милиони евра шведскиот моден синџир H&M, бидејќи менаџерите се мешале во приватните животи на вработените со собирање податоци, како на пример верски уверувања и истории на болести.

Loading...

Како што се наведува во соопштението на директорот на Надзорната агенција за заштита на податоци, Јоханес Каспар, овој случај покажал „грубо кршење“ на правилата за заштита на податоци во седиштето на компанијата во Нинберг. Компанијата почнала да не ги почитува правилата за заштита на приватноста во 2014 година.

Некои од менаџерите дури се обиделе да собираат дополнителни детали за приватниот живот на вработените преку неформални разговори. Тие на тој начин се обиделе да дознаат нешто за семејните проблеми и верските уверувања на персоналот, кои потоа ги чувале.

Компанијата H&M призна дека се откриени недостатоци во сервисниот центар и порача дека преземала силни мерки за исправање на грешката.

Leave a Reply