Хидратацијата е клучна: Откријте колку вода треба да пиете во текот на летото

Сподели со своите пријатели

Нутриционистката Лорен Минчен наведува дека тоа зависи од телесната тежина и од самото тело.

Loading...

„Точната количина на потребна вода зависи од личноста, но за активни возрасни лица се препорачува внесување помеѓу два и четири литри на ден. „Потребите може да варираат во тој опсег со промена на надворешната температура“, истакна Минчен.

 

 

Таа додаде дека на вашето тело веројатно ќе му треба повеќе вода доколку редовно вежбате. Нутриционистката Ејми Шапиро истакнува дека е важно да се надополни течноста што човекот ја губи преку потење.

Клиниката Мајо препорачува пиење 2,7 литри вода дневно за жени и 3,7 литри за мажи.

Значи ти треба вода

Loading...

Бојата на урината може да ви каже дали треба да пиете повеќе вода. Шапиро и Минчен наведуваат дека урината треба да има светла боја, а ако е темна, тоа е знак дека ви треба вода. Замор, сува кожа, грчеви во мускулите, запек и вртоглавица се исто така индикатори за дехидрираност.

Покрај пиење чаша вода, може да јадете и храна што содржи големи количини вода. Шапиро истакнува дека лубеницата е одличен избор во текот на летото бидејќи има голема содржина на вода.

 

Leave a Reply