Херој скокал од мост за да го спаси бебето што испаднало од автомобилот за време на сообраќајната несреќа! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Девојчето кое падна од автомобилот во реката сега се очекува целосно да се опорави благодарение на помошта на добар Самарјанин.

Loading...

23-месечно дете падна во вода во заливот Асавоман во неделата, на 2 мај, по судир на неколку возила на мостот „Рута 90“ во Ocean City во државата Мериленд.

Херојот, чие возило исто така учествувало во несреќата, возело по мостот во моментот кога девојчето паднало во заливот. Кога погледнал во водата, девојчето лежело со лицето надолу, а тој скокнал во водената површина длабока само 5 метри за да ја спаси без двоумење.

 

 

 

Зборувајќи за Си-Ен-Ен, пожарникарот и медицинарот на противпожарната служба во Океан Сити, Рајан Витингтон, рече:

Loading...

„Тој само тргна во акција. Спаси 23-месечно дете. Нема сомнение во нашите умови дека и ние ќе го сторевме истото, ако тој не  посегнеше по девојчето без двоумење”.

Тој додаде: „Исходот беше навистина успешен. Тоа беше многу среќен ден за многу луѓе кои претрпеа трауматски повреди. И детето и мажот кој избра да остане анонимен останаа живи и здрави”.

Според соопштението за печат на противпожарната служба, противпожарните и полициските единици биле испратени на мостот „Рута 90“ приближно во 14 часот и 45 минути во неделата на 2 мај. Едно возило се занишало на половина од заштитната ограда, додека било утврдено дека неколку лица се повредени.

 

 

Пожарникарите го обезбедија возилото со алатки за спасување, додека болничарите лекуваа неколку пациенти, се вели во соопштението за печатот.

Противпожарната служба и постар заменик-пожарникар на округот Вустер, Роб Корб, за Си-Ен-Ен изјави дека бил надвор од работното време кога ‘налетал’ на инцидентот:

Loading...

Вистинскиот херој во оваа ситуација е добар Самарјанин кој скокнал за да обезбеди мерки за спасување на детето. Би сакал јавно да му се заблагодарам и да го однесам на ручек.

Осум лица биле пренесени во болницата по судирот, а девојчето било пренесено во детската болница Џон Хопкинс. За среќа, сите осум лица беа отпуштени и се вели дека се добро.

 

Leave a Reply