Хелмут Марко: Фетел прави грешки карактеристични за почетниците

Сподели со своите пријатели

Советникот на Формула 1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко го сподели своето мислење за настапите на возачот на Ферари, Себастијан Фетел во сезоната 2020 година.

Loading...

– Кариерата на Себастијан се движи во спирала, сега оваа спирала е насочена надолу. Тој прави премногу грешки, дури и оние што се типични за почетниците. Ова дефинитивно е прашање на психологија. Фетел прави неприродно голем број грешки, одново и одново. Не може да се негира дека тој е, во просек побавен од Леклер за 0,3 секунди во круг. Мислам дека на Себастијан влијаеше ситуацијата со напуштањето на Ферари. Ова не е Фетел што го знаеме. Ова уште еднаш ни покажува колку е важно кога во трките главата не е затната со непотребни мисли, истакна Марко.

Фетел ќе го напушти Ферари на крајот на сезоната 2020 година. Од 2021 година Германецот ќе вози за Астон Мартин.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply