Хаос во централно Мексико поради пресметка на нарко банди

Сподели со своите пријатели

По воената акција насочена кон состанок на босовите на мексиканските нарко картели, членовите на бандите почнале да се борат меѓу себе, дивеат и палат возила, предизвикувајќи хаос во државите Халиско и Гуанахуато, соопштија локалните власти.

Loading...

Во соопштението се наведува дека еден член на картелот е ликвидиран, а неколкумина се уапсени по конфузија и хаос во двете држави каде насилството е најизразено.

„Очигледно е организирана средба на две банди. Дојдоа воени единици, што доведе до конфликт и апсење на нарко-босовите присутни на состанокот“, изјави пред новинарите мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, без да ги именува уапсените, пренесува Танјуг, повикувајќи се на каналот Франс 24.

Безбедносно предупредување на САД

Возилата биле оставени запалени за да ги блокираат патиштата во Халиско, дел од тактиката што ја користеа членовите на моќниот картел Нова генерација Халиско за да спречат апсење на неговите членови и пристигнување на воено или полициско засилување.

Инцидентите го натераа американскиот конзулат во Гвадалахара да издаде безбедносна тревога за американските граѓани кои живеат во областа, советувајќи ги да бараат безбедно засолниште.