Гугл нуди услуга за мерење на емисијата на штетни гасови во Европа

Сподели со своите пријатели

Услугата на Google воведена во САД за да им помогне на градовите да се справат со емисиите на штетни гасови сега е достапна и во Европа.

Loading...

Алатката комбинира податоци за сообраќај и изградба на „Гугл мапс“ со јавно достапни податоци за емисија на гасови, објави Ал Џезира.

Гугл прво ќе ја понуди услугата на Бирмингем, Манчестер, Вулверхемптон, Ковентри, Даблин и Копенхаген.

Во наредните недели ќе вклучува повеќе градови и континенти, сите кои ќе се пријават преку формулар на интернет.

Алатката им помага на градовите да одлучат какви мерки да се преземат за да се намалат емисиите на стакленички гасови, како што се повеќе ленти за велосипеди или соларни панели на покривите на зградите.

Во еден сличен проект, Google Street View им дозволува на автомобилите да го измерат загадувањето на воздухот додека возат во градови како Лондон и Копенхаген.

„Веруваме дека ова ќе им помогне на градските власти подобро да ја разберат тековната состојба и да го анализираат напредокот кон исполнување на целите на животната средина“, рече извршниот директор на меѓународната организација, „Градоначалници за климата“.

Leave a Reply