Група странци уапсени во Полска под обвинение дека се руски шпиони

Сподели со своите пријатели

Група странски државјани е уапсена во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија.

Loading...

Би-Би-Си јави дека локалните медиуми објавија дека шест лица се приведени под сомнение дека поставиле тајни камери за снимање на чувствителни инфраструктурни објекти кои се користат за доставување воена помош за Украина.

Радио станицата RMF FM објави дека оваа шпионска ќелија подготвила планови за саботажа и инсталирала десетици камери во близина на железничките јазли и важни транспортни рути во полската провинција Субкарпатија, која граничи со Украина.

Полските медиуми не наведуваат од кои земји се уапсени осомничените за шпионажа.

Неколку камери биле пронајдени и во близина на мал регионален аеродром кој е претворен во меѓународен логистички центар за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина.

Овој аеродром се смета за многу чувствителен инфраструктурен објект кој вооружените сили на САД го заштитија со противвоздушни ракетни системи Патриот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна слета на овој аеродром на пат за Киев, како што се потсетува во извештајот на британскиот јавен сервис.