Градски тоалет во Куманово ќе биде изграден во монтажната гаража

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово наскоро ќе добијат градски тоалет, кој ќе биде во рамките на монтажната паркинг гаража која е во фаза на изградба пред Центарот за култура.

Loading...

Како што информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски, компанијата која ја монтира гаражата, градскиот тоалет ќе го изгради како донација на Куманово.

– Јавниот тоалет кој во фамозната приватизација со приватизирање на НАМА беше продаден и денеска во Куманово немаме јавен тоалет. Во меѓувреме со службите го премостивме проблемот со мобилни тоалети за кои морам да потенцирам дека не се користат прописно и навистина изгледа лошо. Фирмата изведувач на оваа катна гаража, вети дека ќе донира исто така монтажен објект во склоп на оваа урбана опрема за користење на јавен тоалет со вкупно 4 санитарни чвора, рече Димитриевски.

Инаку монтажната гаража, која е во фазана реализација ќе чини 16 милиони денари и ја гради италијанска компанија која има ќерка-фирма во Македонија.

– Оваа катна гаража е единствена во Република Македонија која е навистина монтажно-демонтажна бидејќи сите вакви кои се изведени во државата се изведени како монтажни елементи, но не можат да бидат демонтирани и дислоцирани на другаа позиција бидејќи темелите се фиксирани. Кај овој тип на градба едиснтвена е во Македонија каде може да се демонтира, рече Димитриевски.

Претходно на паркиногт пред Центарот за култура имало место за 38 автомобили, а со поставување на гаражата ќе се обезбеди простор на кој ќе можат да се паркираат околу 80 возила.

Leave a Reply