Градоначалникот Димитриевски се вакцинираше со „Синофарм“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска се вакцинираше против Ковид-19 со вакцината на кинескиот производител „Синофарм“.

Loading...

Процесот на вакцинација е започнат за вработените во Општина Куманово, а според возраста денеска на ред дошол и првиот човек на градот, кој по успешно примената прв доза од вакцината упати пораки на благодарност за сите кои го спроведуваат имунизирањето на населението.

– Сакам да се заблагодарам на сите вработени во Центарот за имунизација против Ковид во Куманово, ова е регионален центар, гледам дека организацијата е добра на високо ниво. Да ги поздравам сите здравствени работници, сите волонтери кои доаѓаат и од Факултетот за медицински науки и секако претставниците на Црвениот крст, МВР и Армијата на Република Македонија и да посакам што поголем број на граѓани да го искористат своето право да се имунизираат бидејќи тоа е најдобриот начин да се заштитиме себеси од оваа глобална пандемија на светско ниво, рече градоначалникот.

 

 

Општина Куманово, вели Димитриевски, ја даде целосната логистика за оформување на Ковид центарот кој е сместен во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во кругот на поранешната касарна.

– Условите за работење како што гледате се прилично одбри на високо ниво, заедно со Здравствениот дом во Куманово. Денеска примив „Синофарм“ вакцина, гледам дека најголем број од вакцините што ги примаат граѓаните се токму такви. Инаку сите вакцини се добри, секоја вакцина која минала тест, апсолутно верувам дека е сигурна и безбедна за секој граѓанин, но упатствата ги даваат сепак здравствените работници, изјави Димитриевски.

Loading...

 

 

Инаку пунктот за вакцинација во Куманово освен овдешните граѓани, ги вакцинира и жителите на околните општини од Североисточниот регион.

Никола Ивановски

Leave a Reply