Со должна почит кон сите останати серии, ниту една не ја воодишеви (или налути) светската публика како серијата „Чернобил“.
Мини серијата моментално ги има најдобрите оценки и покрај сите нејзини недостатоци, може да се каже дека успеа во намерата да ја прикаже еколошката катастрофа без преседан. Судбината на луѓето испреплетени со борбата за спас на човештвото, но недостасува одговор на прашањето каде завршиле луѓето од Припјат по евакуацијата.
Таа е единственото дете родено и израснато во Чернобил (ФОТО)
Завршиле претежно на едно место – градот Славутич кој географски се наоѓа во рамките на Репкинскиот реон на черниговската област, но административно претставува ексклава на Киевската област како град од добро значење и затоа правно не припаѓа на ниту еден реон. Сместен е на левиот брег на Дњепар, на 40 километри од Чернигов, 45 километри од Припјат, 50 километри од Чернобил и 200 километри од Киев, во непосредна близина со границата со Белорусија.
Но, Славутич како населено место не постоело пред катастрофата во Чернобилската нуклеарна елетракана „Владимир Илич Ленин“, градот е изграден недолго по несреќата за да се вдомат иселените од Припјат, кој и самиот исто така бил изграден претходната деценија.
Веќе на 10 октомври 1986 година новопоставениот директор на електраната најавил изградба на тој град, кој името го добил по старословенското име на реката Дњепар.
Приказната за професорот Легасов – Херојот на Чернобил (ВИДЕО)
Изборот на локацијата бил најдобар можен, доволно близу електраната за да луѓето одат на работа. Можеби звучи неверојатно, но преостанатите три реактори работеле нормално до 1991 година, кога и вториот реактор бил исклучен поради пожар кој избил во него, реакторите 1 и 3 работеле се до 2000 година, а иденес има доста луѓе кои таму ја следат ситуацијата и работат на одржување на електраната. Сепак градот бил доволно далеку за да нема ризик од радијацијата, покрај железничка пруга, близу извор на пивка вода. Единствнео што пред почетокот на градбата на земјиштето морало да се стави два метри дебел слој неконтаминирана земја, но тоа и не бил некој голем проблем.
Славутич веднаш бил замислен како „град на 21 век“, па во споредба со другите украински градови го краси исклучително модерна архитектура внатре плански удобно опкружување. Особено е интересно тоа што во проектирањето на градот учествувале архитекти од осум различни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Естонија, Грузија, Летонија, Литванија, Русија и Украина. Затоа Славутич е еден ултимативен советски производ: место поделено на осум квартови кои носат имиња по главните градови од наведените републики, секој со единствен стил и особена атмосфера.
НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЧЕРНОБИЛ: Човекот кој ја направил починал два месеци потоа (ВИДЕО)
Градот поседува се што треба да има: градски совет, комунален центар, младински дом, дом на култура, спортски игралишта, клиника, хотел. Што се однесува до резиденцијалниот дел, 80 отсто отпаѓа на стамбени згради, а 20 отсто на семејни куќи. Не се знае точно како се одлучиле кој што ќе добие, но имајќи предвид дека околностите под кои е кренат градот, и претпоставувајќи дека властите не сакале дополнително да ги повредат луѓето на толку одговорни професии, ногу е веројатно дека се работело за правична лотарија.
Пред 3 децении одбил да го напушти Чернобил, денес има 90 години и се уште живее таму (ВИДЕО)
Првите станари тука се доселиле во октомври 1988 година и денеска ги има околу 25.000, од кои 8.000 биле деца кога дошло до катастрофата.
Изненадува што Славутич има многу висок наталитет, а низок морталитет, поради што третина од населението има помалку од 18 години, по што е и единствен во Украина.
Дури истандардот на животот од самиот почеток е значително повисок од остатокот од земјата. Постоела опасност тоа драматично да се промени по целосното гаснење на нуклеарката, но Славутич е спасен со посебни мерки, прогласен е за специјална економска зона, еден дел од поранешните работници се преквалификувани додека другите засолниште нашле во енергетскиот сектор во близината.
Ги шокираше сите со снимка од Чернобил: Изеде радиоактивно јаболко, а еве што и се случило (видео)
Инаку, меѓу бројните уметнички скулптури во овој град, се наоѓа и споменик посветен на жрвите од Чернобилската катастрофа, за да жителите на оваа место секојдневно ги потсетува на причината поради која живеат тука.
Фото: Wikimedia Commons/Kscheib