Приказната за професорот Легасов – Херојот на Чернобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Професорот Валериј Легасов, поранешен директор на Институтот за атомска енергија Курчатов во Москва, заслужен е што чернобилската катастрофа не добила многу поголеми и потрагични размери.

Loading...

Неговата улога во спречувањето на ширењето на катастрофата е важен дел од дејството во серијата на HBO „Чернобил“.

Со години чекал дозвола да го сними Чернобил со дрон. Сега успеал а снимката остава без зборови (ВИДЕО)

Набргу по хаваријата Легасов го избрале во комисија која треба да истражи што точно се случило во нуклеарната електрана.

Читајќи го извештајот на генералот и бриградирот кој биле во Чернобил, тој сфатил дека дошло до експлозија на нуклеарниот рекатор. Тоа го заклучил затоа што во извештајот пишувало дека пожарникарите имаат изгореници кои добиле виолетова боја.

Легасов тогаш бил заменик директор на Институтот за атомска енергија Курчатов во Москва. Бил еминентен експерт за хемија, докторирал кога имал само 36 години.

Во годините пред чернобилската катастрофа чекал да стане и директор на Курчатов Институтот, а тоа би била круна на неговата кариера, тогаш 50-годишниот научник. Меѓутоа животниот пат му се променил кога тој април добил повик дека е дел од комисијата за Чернобил. Легасов веднаш ги предупредил членовите на комисијата дека постои опасност дека екслодирал реакторот, па затоа излегува радијацијата.

НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЧЕРНОБИЛ: Човекот кој ја направил починал два месеци потоа (ВИДЕО)

Loading...

– Потребно е да се евакуираат жителите на Припјат и околните места, тврдел тој, а подоцна сведоците раскажуваат дека тој бил и првиот кој воопшто предложил евакуација.

Сепак, партијата не бил убедена во тоа. Одлучиле да го испратат Легасов и Борис Шчербин, тогашен заменик шеф на владата, да го посетат Чернобил и да утврдат што точно се случило. Снимките од хеликоптерот со кој летал Легасов над Чернобил покажуваат дека изгледа загрижено гледајќи низ прозорецот.

Пред 3 децении одбил да го напушти Чернобил, денес има 90 години и се уште живее таму (ВИДЕО)

Радијацијата влегува во атмосферата

– На кровот се наоѓаат парчиња графит, радијацијата влегува во атмосферата. Потребна е итна евакуација. Оваа катастрофа може да уништи животи на 30 милиони луѓе, а ако се продолжи може да значи тешки болести за цела Европа. Забранете ја парадата на 1ви мај во Киев. Забранете им на луѓето да излегуваат од дома, предупредил Легасов по летот над Чернобил.

Дури со мерење на радијацијата утврдиле дека јадрото на реакторот е целосно откриено. Тоа било повеќе од 18 часа по експлозијата. Долги 18 часа радијцијата влегувала во атмосферата, со прашината го загадувала Припјат, Киев, јужниот дел на Белорусија, а носета од ветерот се ширела низ СССР, Полска, Германија, Австрија, за да на крајот биде детектирата 1.100 километри подалеку, во Шведска.

Loading...

Ги шокираше сите со снимка од Чернобил: Изеде радиоактивно јаболко, а еве што и се случило (видео)

За да барем малку ја изгасне радијацијата од јадрото и да го изгасне запалениот графит, Легасов наредил итно сипување на песок, олово и бор во самиот реактор. Тоа донекаде успеало, а му олеснило и кога започнала евакуацијата на луѓе од Припјат.

Но, неговата мисија во Чернобил не била готова. Имено, тој таму минал четири месеци надгледувајќи ги сите санирања на катастрофата, а за тоа редовно ја известувал комисијата и партијата. И самиот во тој период бил изложен на радијација. По изградбата на саркофагот над реакторот кој спречил излегување на радијацијата, Легасов со уште неколку експерти започнал истражување што точно се случило.

Мистерија во Чернобил: Радиоактивни „ѕверови“ шетаат низ шумите (видео)

Изгубил верба во власта

Започнал и притисокот на европските земји врз Москва да извести што се случило, а Москва таа задача уште еднаш ја ставила на грбот на еден од своите најдобри научници. Така Легасов на состанокот на Меѓународната агенција за атомска енергија прочитај извештај од 400 страници, три часа одговарал на прашања на членовите на агенцијата. Бил искрен во својот настап, одговорил на секое прашање, а на крајот заклучил дека светот мора заедно да реагира во следните чекори. На крајот на заседавањето добил огромен аплауз, а тогаш го ставиле и меѓу најдобрите 10 научници за нуклеарна енергија.

https://youtu.be/PpvvccmG2dE

Меѓутоа, Легасов не бил задоволен. Целиот извештај кој го презентирал бил практично напишан од страна на советските власти. Во целина се потпирал на тоа дека во експлозијата имало човечка грешка, а Легасов од друга страна ја застапувал идејата дека целиот дизајн на рекаторот не е добар и дека сериозно се игнорирани сите безбедносни ставки.

Тврдел во многу свои трудови дека власта ги сокрила грешките во дизајнот на реакторот, но и претходните несреќи во други електрани. Меѓутоа, таквото негово мислење не било популарно меѓу партијата и меѓу водството затоа што изнесување на такви детали е кршење на советските државни тајни.

Loading...

30 години смртта беше единствен жител на овој град, но светлото повторно се вклучи (видео)

Легасов поради тоа започнал да губи верба во комунистичката власт  во која целиот свој живот длабоко верувал. Никогаш не го наградиле за неговите заслуги и санирањето на чернобилската катастрофа.

Се обесил во својата канцеларија

Два пари бил номиниран за наградата „Херој на социјалистичките работници“, но во двата слуачи одбиле да му ја доделат наградата. На крајот го исфрлиле од Курчатов Институтот, целосно го дискредитирале во научната заедница.

https://youtu.be/-uVIfD-79Uo

Целосно скршен, две години и еден ден по чернобилската катастрофа, професот Легасов извршил самоубиство. Се обесил во својата канцеларија. Не оставил проштално писмо, а на масата затекнале пиштол и касети со аудио записи.

На нив Легасов ја раскажал својата страна на приказната, за тоа што се случило, за тоа како советските власти се обиделе да ја цензурираат вистинската страна на приказната. Иако тие снимки се достапни и денес голем дел од нив се избришани. Ги избришале советските власти веднаш по неговата смрт.

Loading...

Ова се најопасните места со највисок степен на радијација (фото)

Многу прашања останале без одговор по неговата смрт. Самиот Легасов го известил Шчербин дека двајцата веројатно ќе умрат неколку години по катастрофата затоа што биле изложени на радијацијата.

Leave a Reply