Голема промена за користењето интернет: ЕУ го изгласа контроверзниот Член 13

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент го изгласа контроверзниот Член 13, со кој жестоко се заоструваат правилата во почитувањето на копирајт на интернет.

Loading...

Членот 13 од Законот за авторски права на интернет ги присилува интернет компаниите да воведа строги нови автоматски проверки низ кои содржините мора да минат пред да се објават на платформи како Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

Новоусвоениот закон предвидува обврска технолошките платформи да ги „филтрираат“ содржините кои корисниците ги поставуваат и да проверат дали дошло до прекршување на авторските права.

Во пракса, луѓето повеќе нема на интернет да користат содржини без дозвола на сопственикот на авторските права, дури и ако станува збор за анимиран гиф или „меме“.

Leave a Reply