Го запреле поради регистарски таблички, а шокот следел кога им ги покажал документите

Сподели со своите пријатели

Германската полиција го запрела на автопат поради регистарските таблички на поранешната Германска Демократска Република (ГДР), држава која не постои повеќе од три децении. Потоа на барање на полицијата мажот го извадил пасошот со грбот на ГДР.

Loading...

ГДР беше затворена со обединувањето на двете Германии набргу по падот на Берлинскиот ѕид, а ниту еден личен документ од тоа време не е валиден одамна.

Човекот конечно и покажал валиден документ, возачка дозвола на патрола на паркинг во близина на Кемниц, во Источна Германија, пишува магазинот Феликс.

Сега пред суд ќе треба да објасни зошто возел нерегистриран и неосигуран автомобил и најверојатно ќе одговара за злоупотреба на регистарски таблички. Полицијата во меѓувреме му ги одземала регистарските таблички и пасошот од ГДР, а автомобилот влечната служба го одвлекла дома.