Го повикал мобилниот оператор 24.000 пати: Се жалел на договорот, па завршил во затвор

Сподели со своите пријатели

Полицијата уапси јапонски пензионер откако го повикал одделот за услуги на клиентите на најголемиот телефонски оператор во Јапонија 24.000 пати, да се пожали на вработените дека компанијата не успеала да го почитува договорот, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата во Токио соопшти дека минатата недела го привела 71-годишниот Акитоши Окамото, бидејќи тој за осум дена упатил стотици бесплатни повици до одделот за услуги на клиентите на главниот телефонски оператор КДДИ.

Медиумите објавија дека Акитоши упатил илјадници повици од јавни телефонски говорници, изразувајќи незадоволство од работењето на компанијата и ги навредувал вработените.

„Тој бараше персоналот на КДДИ да му се извини што не го почитува договорот. Тој, исто така, често ги прекинуваше повиците веднаш по повикувањето на операторот“, рече полицискиот портпарол.

Тој беше уапсен под сомнение за „лажно попречување на бизнисот“ на компанијата, изјави портпаролот.

Јапонија се соочува со поголем број социјални проблеми што произлегуваат од зголемениот број на лица од трета доба.

Полицијата исто така известува дека постарите возачи често предизвикуваат фатални несреќи, а вработените во железничката пруга се жалат дека постарите патници честопати вербално и физички ги напаѓаат.

Leave a Reply